Дали сте приврзаници на „слободно одгледување на децата“?

Леонор Скенази од Њујорк преку ноќ стана „најлоша мајка во Америка“. Сѐ почна во моментот кога објави дека го оставила своето 9-годишно дете среде стоковна во Менхетен со мапа и пари за превоз.

0
168

Од нормална мајка, Леонор Скенази од Њујорк преку ноќ стана „најлоша мајка во Америка“. Се почна во моментот кога објави дека го оставила своето 9-годишно дете среде стоковна куќа во Менхетен со мапа и со пари за превоз. Потоа таа пишуваше за тоа користејќи нов термин во родителството „слободно одгледување на децата“ (free range). Секако, предизвикала многу коментари и реакции ширум светот.

После сѐ таа објавила и книга „Слободно одгледување на децата: како да им се даде на децата слободата која сме ја имале ние, а да не се полуди од грижа, која веднаш ги подели родителите. Авторката и оние кои го подддржуваат нејзиниот концепт признаваат дека оваа „идеја“ не е за секого. Родителите кои сакаат да го пробаат методот на „слободно одгледување“ мораат да се ослободат од многу стравови и анксиозности или барем да научат како да живеат со нив.

Дали сте и вие едни од нив?

Родителите кои веруваат во слободното родителство велат дека тие „не го предизвикуваат ѓаволот“ и дека веруваат во важноста од појасот за спасување, кацига и еар бег. Но исто така нагласуваат дека веруваат и во независноста на своите деца.
Како што велат, „децата, како и пилињата, заслужуваат живот надвор од кафезот. Преголемата заштитеност во животот го гуши и го спречува нормалниот развој на децата. А освен тоа е и здодевна како за децата, така и за родителите“.
Родителите кои го прифаќаат овој начин на воспитување на своите деца работат на тоа тие да станат независни не само надвор од дома (такашто ќе одат сами во училиште или ќе одат со велосипед до продавница), туку и во домот, кадешто самите си подготвуваат вечера, си ја перат облеката и си ги мијат садовите. Овие деца рано научуваат како да бидат вистински членови на семејството затоа што родителите ги третираат како паметни, млади и способни луѓе, а не како личности на кои се константно потребни внимание и помош.

Но, надвор има многу опасности!

Родителите секојдневно слушаат какви ужасни работи се случуваат околу нас, се плашат. Многу студии покажуваат дека денешните родители ги контролираат своите деца многу повеќе отколку што било случај порано и зборуваат за теми како што се киднапирање и смрт. Сепак, докажано е дека и константниот надзор воопшто не им помага на децата.

Причината за сите забрани за движење на децата и нивното чување во домот е засновано само на стравот на нивните родители. Ограничувањето на детската слобода и независност се зголемува наспроти фактот дека не постојат никакви докази дека светот станал понебезбедно место. Исто така, студиите нагласуват дека најголемиот број на киднапирања и кражби на деца е направен од страна на личности кои децата ги познаваат. Статистиката вели дека можноста некој непознат да го киднапира детето е многу мала и нема тенденции на раст.
Гледањето на светот како опасно место во кое секој и се може да ги повреди нашите деца, може да биде опасно. Секако дека грди работи се случуваат, но децата не можат да растат плашејќи се да го пречекорат домашниот праг.

Чекор по чекор

Иако според статистиките, киднапирањата се ретки и на родителите им се советува да им дозволат на децата малку поризични игри, родителите мораат сами да ги одредат границите кои ним им одговараат. Дали станува збор за тоа вашиот тригодишник да се пушта самиот по тобоган или 10-годишно дете да се враќа дома само, со другарите, одлуката треба да биде само ваша.
Најважно е родителите да сфатат за што е подготвено нивното дете и да изградат рамнотежа помеѓу вистинската и претпоставената опасност. Само така ќе можат да направат соодветни граници за однесувањето на своето дете и да го подготват за освојување на нови слободи, чекор по чекор.

[better-ads type='banner' banner='999' ]