Дали сите бебиња се раѓаат со сини очи?

Кои фактори влијаат врз бојата на очите и кога можете да бидете сигурни дека детето навистина има сина боја на очите која ќе остане?

0
1682

Сигурно сте слушнале дека сите бебиња се раѓаат со сини очи, но доколку не сте виделе многу новороденчиња веројатно не сте сигурни дали е тоа навистина така и што ја одредува бојата на очите. Бојата на очите е всушност изглед на шареницата на окото, мускулниот прстен околу зеницата која ја контролира количината на светлина која влегува во окото. Митот дека бебињата од раѓање имаат сини очи всушност не е вистинит.

Бебињата од афроамериканско, латино и азиско потекло обично се раѓаат со темни очи кои и остануваат такви. Од друга страна, белата раса има помалку меланин, пигмент кој ја одредува бојата на кожата и се белите бебиња се раѓаат со сини очи.

„Бебињата на белците најчесто се раѓаат со темно сини очи, со примеси од сива, а нивната боја на очи може и неколку пати да се смени до првиот роденден на бебето. Бебињата од другите раси, црна и жолта, се раѓаат со кафени очи“, објаснила др.Џована Армано, специјалист педијатар.

Бојата почнува да се менува уште при породувањето

При раѓањето детето има малку пигменти па бојата на очите и на кожата е посветла. При раѓањето, кога вашето дете ќе излезе на свет и веднаш на силното светло во родилната сала, светлината веднаш го поттикнува производството на меланин во шареницата што може да доведе до промена на бојата на очите. Само трошка меланин и детето ќе има сини очи, додадете уште малку и очите стануваат сиви, зелени или со боја на лешник.

„При раѓањето има малку пигменти па бојата е посветла. Како што расте бебето, се зголемува создавањето на пигмент, особено ако за тоа постои генетска предиспозиција-наследство“, вели докторката Армано. Меланинот е протеин и количината и видот што ќе го добиете, се запишани во гените. Шарениците кои содржат голема количина меланин, изгледаат потемни. Луѓето со албинизам немаат меланин, па нивните очи изгледаат розеникави.

Кога се кристализира вистинската боја?

До шестиот месец ќе забележите дека бојата на очите се менува неколку пати. Потоа промените полека се стабилизираат. Повеќе фактори можат да влијаат на промената на бојата, вклучувајќи ги лековите и влијанието од околината, такашто кај некои луѓе се случуваат промени на бојата во текот на целиот живот. Но кај повеќето бебиња бојата на очите станува јасна до првата година. „Бојата на очите се менува во периодот од 6 до 9 месеци, понекогаш до првиот роденден. Тогаш може точно да се каже каква боја на очи ќе има вашето бебе. Во ретки случаи, децата можат да ја менуваат бојата и до третата година“, заклучува докторката Џована Армано.

[better-ads type='banner' banner='999' ]