Дали родителите имаат различни очекувања од своите деца врз основа на редоследот на раѓање? Ако сте најстаро дете во семејството, веројатно ќе ја потврдите теоријата според која родителите се најстроги токму кон првородените деца.
Научниците го докажале ова тврдење и емпириски.
„Родителите се дефинитивно построги кон првото дете. Тоа е на некој начин експериментално глувче на кое се вежбаат. Многу родители не знаат ништо за родителството па се учат со методата на обиди и грешки“, објаснила др.Фран Валфиш, психотерапевтка за деца и семејство и авторка на книга за родителството.
Откако првпат е ви дојде во раце, почнуваат надеите и сништата за иднината на вашето првпрпденче. Со текот на годините со методите на обиди и грешки давате се од себе за да го водите добро низ животните ситуации, од градинка, задачи до пријава на факултет. Секој чекор е нов и родителите се на непознат терен.
Најмногу внимание и најстроги казни
Тим од научници прредводен од В.Јозеф Хов од универзитетот Дјук и Јуан Пантан од Универзитетот Ст.Луис се послужиле со резултатите од опширната национална анкета од 1979 година во која мајките изнесувале бројни детали за секое свое дете. Резултатите ги потврдиле претпоставките. Најстарите деца остваруваат најдобар академски успех, а секое следно е малку помалку успешно.
За што станува збор?
Научниците забележале дека родителите малку помалку се грижжат за помладите деца и ги ставаат под помал притисок. Веројатно на првородните најмногу им се посветиле и им наметнале построги правила, од гледањето телевизија до одењето на спиење. Исто така, родителите се многу повее вклучени во училишните и академски успеси на првородените деца отколку на останатите. Тие најверојатно е добијат многу повее награди, но и казни за училишните достигнувања. Хоц и Тантано заклучиле дека родителите својот родителски пат го почнуваат со строги правила аради помладите деца се повнимателни, иако родителите кон нив се поблаги.
Цена на успехот
Постои и друга страна на медалата. Првородените подоцна како возрасни имаат повее психички проблеми и „нерешени работи“ со своите родители. Многу родители биле кон нив премногу заштитнички настроени, престроги и премногу им приговараат. На нив паднала и одговорноста да им бидат пример на помладите членови на семејството, а често морале и да се грижат за нив.
„Тоа може да остави лузни и да им прави проблеми на возрасната личност. Сум третирала многу првородени кои се поуспешни затоа што повее биле поттикнувани, но тие луѓе побараа помош затоа што не уживале во својот успех“, тврди Валфиш. Затоа добро размислете за сопствените амбиции кои ги вложувате во секое дете, како и за казнувањето и последиците кои тоа може да ги остави врз него. Запрашајте се дали исто ги третрирате сите деца еднакво и бидете подготвени така да ги сакате, без оиглед на нивните успеси и животни избори кјои можеби нема да бидат такви какви што сте ги замислиле.