Има неколку важни разговори што треба да ги направите со своите деца. Еден од нив е и оној на темата менструација. Ова сигурно не спаѓа во најпријатните моменти во вашиот живот, но реакциите на оние кои за првпат се информираат за ова се секогаш симпатични. Во видеото родителите се обидуваат на своите тинејџери да им објаснат за што служат влошките, тампоните и менструалните чашки и на некои од нив, особено на татковците, тоа тешко им оди.
Дали им објаснивте на своите деца што е тоа менструација?
Дојде на ред и оваа скокотлива тема за која многумина не сакаат да зборуваат. Се сеќавате на моментот кога дознавте што е тоа менструација?