Дали е сувото грозје добра ужина за децата?

Мајките често на своите малечки им даваат за ужина суво грозје мислејќи дека е тоа здрава замена за слатки, но дали е тоа навистина така?

0
427

Стручњаците велат дека сувото грозје е како и секое друго овошје богато со нутриенти и поседуваат лековити својства, но исто така намепоменуваат и дека сувото овошје има многу повеќе калории по порција од свежото овошје и затоа треба да се биде повнимателен кога станува збор за него.

Студијата која е објавена на универзитетот во Конектикат може да им помогне на луѓето полесно да се одлучат на кој начин ќе го консумираат сувото грозје односно, ќе иим го даваат на децата.

Имено, мажите и жените кои учествувале во истражувањето имале задача да изедат шолја суво грозје секој ден, полни шест недели.

Забележано е дека луѓето главно ја прилагодиле останатата храна кон внесувањето на грозјето такашто не е забележана никаква промена во нивната килажа. Но што е со децата?

Некои други истражувања покажале дека сувото грозје како ужина го намалува внесувањето на лоша храна кај децата.

Можеби звучи супер позитивно, но мора да нагласиме дека во текот на истражувањето сувото грозје е споредувано исклучиво со нездрава храна, како чипс или слатки кои навистина не е тешко да се надминат.

Во една студија објавени се резултати на истражување во текот на кое на децата им е давано суво грозје пред оброкот и докажано е дека ако децата јадат суво грозје пред пицата или некоја друга брза храна, подоцна ќе внесат многу помалку калории.

Стручњаците велат дека е ова позитивен резултат без оглед што сувото грозје е калорично, калориите од него се секогаш подобар избор отколку калориите од хамбургер, кренвишли, пици или други грицки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]