Иако вашето бебе тоа нема никогаш да може да ви го каже затоа што нема да се сеќава, ниту пак е во моментот на раѓањето, после сите напори, свесна за се, но ако ве интересира дали бебињата го чувствуваат сечењето на папочната врвца, стручњаците имаат одговор за тоа.
Логично е дека сечењето на папочната врвца која не е физички дел од телото, не боли, но одговорот кој го најдовме на страниците на Human Birth ни ги расветлува дополнително фактите.
Имено, како што стои во кусиот опис, сечењето не боли, дури не се ни чувствува, затоа што папочната врвца е како косата. Значи, нема нервни завршетоци па затоа не може ни да се почувствува. Постојат мајки кои тврдат дека ги заболело при сечењето, но експертите разуверуваат со фактите за познатата фантомска болка, психолошки момент, кога ќе почувствуваме нешто што физички не е можно. Или станува збор за емоционална болка поради раздвојувањето, која исто така не им е туѓа на родилките. Затоа, без грижа. Сечењето на папочната врвка поради кое многу татковци на породувањата по малку се плашат, нема да го боли вашето бебе.