Британија ги забранува рекламите во кои девојчињата се балерини, а момчињата инженери

Готово е со рекламите во кои жените чистат, мажите ги избегнуваат домашните обврски, а децата се поштедени од работите кои „не им личат“ според полот.

0
304

Родителите кои не сакаат на нивните деца да им се натураат стереотипи, добија нов сојузник.

Агенцијата за надзор на рекламната индустрија на Обединетото Кралство најавила дека во иднина во рекламите ќе биде забрането на децата да им се испраќаат пораки дека девојчињата сакаат да станат балерини, додека пак момчињата сакаат да бидат лекари или научници.

Новата регулатива се надоврзува на постоечката законска одредба која го забранува прикажувањето на жените како сексуални објекти или како претерано слаби и во иднина се забранува во рекламите да се појавуваат жени кои сами чистат за своето семејство, мажи кои ги избегнуваат домашните обврски или деца кои се поштедени од активности кои „не им личат“ според нивниот пол.

Рекламите кои стереотипно ги прикажуваат половите се многубројни, се наведува во извештајот на Агенцијата, и даваат карактеристични примери – во рекламите за овесни снегулки девојчето облечено во розево ги реди куклите, црта срца во својот дневник и го гали домашниот миленик, додека момчето облечено во син костим на супер херој се обидува да ѝ пречи.

reklame stereotipiВо рекламата за млечна формула девојчето расте во балерина, а момчињата стануваат математичари и планинари.

reklama zabrana

Новите стандарди ќе се однесуват и на стереотипите за возрасните, затоа што прикажувањето на татковците како „смотани“ може лошо да влијае врз нивното ангажирање околу домаќинството и децата, а готово е и со портретирањето на мажите како арогантни и доминантни, а жените како покорни, се наведува во извештајот. Карактеристичен пример е рекламата за парфем Dior Homme во која мажот кого го глуми Роберт Патисон ја држи партнерката з аврат во страствен бакнеж и потоа ја води за рака, ја пренесува во автомобилот и вози, додека таа послушно го следи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]