Бременоста го менува мозокот на мајките

Истражувачите од Универзитетот Аутонома де Барселона и Лајден универзитетот во Холандија, откриле дека бременоста го намалува волуменот на сивата маса во одредени делови од мозокот на мајките што ја подобрува нивната способност да се грижат за децата.

0
1473

 

Познато е дека сите новопечени мајки се жалат на заборавност и на зголемени емоции, а ова најчесто се објаснува со таканаречениот „baby brain“ за кој неодамна истражувачите од Универзитетот Аутонома де Барселона и Лајден универзитетот во Холандија, откриле дека не е измислица, туку е вистински феномен. Имено, ова истражување чии резултати беа објавени во Nature Neuroscience минатата недела покажало дека за време на бременоста долгорочно се намалува сивата маса во мозокот на мајките.

Истражувањето е спроведено врз 25 прворотки пред и после нивните бремености. Скеновите од нивните мозоци биле споредени со скеновите на 20 жени кои никогаш не биле трудни, 19 татковци и 17 мажи без деца.

Кај жените кои имале бебиња бременоста го редуцирала значително волуменот на сивата материја во нивните мозоци во оние делови кои најчесто се поврзуваат со способноста за емпатија. Не станува збор за губење на нервните клетки, туку за некој вид на реорганизација, кој им помага на новите мајки да ги препознаат потребите на нивните деца, да бидат повнимателни во однос на социјалните закани и да се поврзат со своите бебиња. Резултатите биле толку доследни што научниците веднаш успевале да ги издвојат и да ги препознаат скеновите од мозокот на жените кои имале деца. Истражувачите откриле дека истата област каде што е намалувањето на сивата маса е осветлена кога на мајките им се покажуваат слики од нивните деца. Истите области не светеле кога им биле покажувани слики од други деца.

„Нашите податоци се први докази дека бременоста дава долготрајни промени во мозокот на жената“, се вели во заклучокот од истражувањето.

Најдените промени на мозокот никако не влијаат на когнитивните способности или на интелигенцијата, нагласуваат научниците.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]