Тим од дипломирани логопеди и дефектолози, предводен од м-р Ана Петреска во периодот од 4 февруари до 4 март ќе вршат бесплатни прегледи за сите деца кои имаат проблеми и потешкотии со говорот, а потоа ќе започнат и со индивидуални логопедски вежби според најнови светски стандарди и методи. Организатор на овие бесплатни прегледи е Здружението Интеракција плус, кое се наоѓа во непосредна близина на Универзална сала во Скопје.
Вежбите и третманите се извршуваат со секое дете посебно и низ игра, со помош на голем број играчки, боенки, сликовници, постери и други помагала и изданија.
Целта е да им се помогне на сите деца кои имаат говорни нарушувања и да не остане непрегледано ни едно дете на кое може да му се помогне.
Во последниве години е се поголем бројот на децата кои не можат правилно да ги изговараат гласовите, буквите и зборовите, а најмногу и најлесно и најбрзо може да им се помогне уште во најраната фаза додека се малечки.
За повеќе информации и закажувања за прегледи и вежби односно третмани заинтересираните граѓани треба да се јават на телефонските броеви на Здружението Интеракција плус: (078) 245484 и (071) 973362.