Бебињата добија свои мрежи за спиење

Според производителот на мрежите за спиење наменети за најмалите, во нив вашето бебе ќе се чувствува заштитено и мирно

0
837

„За мирен сон – како во матката“ е мотото на производителот на мрежите за спиење наменети за бебињата. Мрежите едноставно се закачуваат над душекот во детското креветче па бебињата во нив можат да уживаат во посебно чувство какво што рамниот душек не може да им обезбеди.

Всушност, идејните зачетници сметаат дека токму платнената лесна мрежа е идеална за бебињата, за нивниот развој, за помирен сон и гарантираат дека бебињата во нив полесно и побрзо ќе заспијат со оглед на тоа што мрежата им овозможува посоодветна фетална положба во однос на рамниот душек.

Освен тоа, кога бебето ќе потоне во мрежата ќе има чувство дека е некој покрај него, а тоа чувство му дава сигурност која на бебињата им треба особено кога ќе се разбудат среде ноиќта, или ќе ги оставите да заспијат сами.

Цена? На сајтот на производителот велат дека цените се движат од 79.99 до 99.99 долари.

[better-ads type='banner' banner='999' ]