„Бебето менува се“ – нов документарец од вечерва на TLC

0
894

Една од најголемите животни промени за еден пар е кога стануваат родители. Транзицијата од куќа која е само ваша до делење со дете кое постојано нешто бара, од слободен живот до прифаќање на новите одговорности, не за секого е иста.

Од вечерва во 21 часот, во серијалот „Бебето менува сè“ гледајте како по доаѓањето на детето паровите се разделуваат со безгрижниот живот, одморите, вечерите во ресторани и целовечерните забави и се соочуваат со бесони ноќи, рано будење, валкани пелени, детски колички и приказни за деца кои засекогаш траат. Серијалот ја следи еволуцијата на родителите и доаѓањето на бебето на свет, како и влијанието на бебето врз нивниот живот.

Во оваа возбудлива документарна серија, ќе ги видиме од прва рака животните ситуации во кои ќе се најдат новите родители.

[better-ads type='banner' banner='999' ]