Бабите и дедовците што чуваат внуци има помали шанси да заболат од Алцхајмер

Според една нова студија, освен што им носи радост, чувањето на внуци го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест

0
434

Освен радоста што ја внесува во животот на бабите и дедовците, сега се покажа дека чувањето на внуците ги зголемува когнитивните функции и го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, утврдила една нова студија објавена во списанието на Североамериканското здружение за менопауза.

Студијата која вклучувала 120 баби и дедовци во Австралија утврдила дека бабите кои ги чувале внуците еден ден во неделата постигнале повисоко ниво во рангирањето за когнитивните тестови. Едно предупредување, кое посочува дека сепак „се е во умереноста“ открива дека бабите кои ги чуват внуците пет или повеќе денови во неделата постигнале пониски резултати на когнитивните тестови.

Постои широк спектар на истражувања кои покажуваат дека редовната социјална интеракција им помага на постарите да останат ментално поздрави. Многу баби и дедовци известуваат за зголемено ниво на животно задоволство поради помислата дека им се потребни на внуците и имаат можност да даваат и да примаат љубов.

[better-ads type='banner' banner='999' ]