Aко сте уморни од прашањето „зошто“?

Една мајка уморна од постојаното „зошто“ на својата ќеркичка, нашла одлично решение.

0
265

Една мајка на тригодишно девојче, уморна од одговарање на нејзиното постојано „зошто“, нашла одлично решение.

Нејзината ќеркичка, како и сите деца на таа возраст, е прилично љубопитна па со отварањето на очите наутро, веќе има едно чудо прашања, зошто паѓа дожд, зошто мора да оди во градинка или зошто мора да јаде.

Бидејќи понекогаш и не го знае вистинскиот одговор на нејзините прашања, па почнала да губи трпение, се сетила на одговор кој го споделила со корисниците на Reddit.

„Сценариото е секогаш исто. Сакате да им кажете да замолчат, но не можете.  Некогаш и не го знаете одговорот. Понекогаш престануваат и самите затоа што се изморуваат, но направив голема промена со која ги решавам таквите разговори“, напишала таа и дала пример за тоа:

„Зошто?“ прашува детето.

„Што зошто“ одговарам јас.

„Зошто морам да ги облечам чевлите?“ вели детето.

„Што мислиш ти зошто?“ прашувам јас.

Oваа мајка сфатила дека на тој начин ја поттикнува ќеркичката на размислување, ја буди нејзината фантазија и креативноста, а наместо да ги губи нервите, понекогаш добро се забавува со одговорите што ги слуша од неа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]