Родителите кои снимиле видео со своето дете на возраст од 11 месеци на кое таткото му става во уста цигара, имале намера со овој потег да го натераат детето да му се згади од цигарите по кои постојано посегало кога таткото пушел.
Вака објаснила мајката во извинувањето кое го објавила откако нивното видео предизвикало лавина од негативни коментари. На снимката се гледа како му ја ставаат цигарата во уста, но наместо да му се згади тоа почнува да плаче кога му ја земаат.
Фото: Инстаграм