Пестицидите на кои бремените жени никако не би требало да бидат изложени, е викаат органофосфати, а најчесто можатда се најдат на зрнестите овошја, зелените мешунки и многу други видови овошје и зеленчук. Покрај овошјето и зеленчукот, со пестицидиможеме да се сретнеме и во сопствениот дом и во градината.
Органофосфатите ги убиваат штетниците такашто им го напаѓаат централниот нервен систем што изложеноста на трудниците на пестициди го поврзува со факторот кој може да предизвика развојни проблеми и проблеми со вниманието кај децата.
Детскиот коефициент на интелигенција исто така може да биде директно поврзан со количината на изложеност на пестициди, а истражувањата покажале дека коефициентот на интелигенција на детето опаѓа пропорционално со висината на изложеност на пестициди. Стручњаците откриле дека мајките кои за време на бременоста имале највисоко ниво на пестициди во крвта раѓале деца чиј коефициент на интелигенција бил во просек за 7 поени понизок од оној кај децата чии мајки имале пониско ниво на пестициди во крвта.
Истражувањата предупредуваат дека пестицидите имаат поголемо штетно влијае врз развојот на фетусот отколку врз децата. Пестицдите преку постелката и папочната врвка се пренесуваат на фетусот.
За жал, науката сѐ уште не докажала како точно пестицидите влијаат на развојот на мозокот на фетусот иако е врската јасна.
Позитивна вест е та што изложеноста на пестициди денеска е многу помала отколку што била пред 10 години бидејќи поретно се наоѓаат во затворени простори и о најголем дел се изложуваме на нив преку овошјето и зеленчукот.
Бидејќи на трудниците им се препорачува што поздрава исхрана и што повеќе вошје и зеленчук најдобар начин да ја намалите изложеноста на пестициди е да купувате органски произведена храна и што помалку да јадете кора од овошје и зеленчук.
Фото: Pexels