Мајката на тешко болно дете предупредува: Внимавајте на овие работи додека сте бремени

„Што можев да направам поинаку?“ секојдневно се прашува оваа мајка, а сега го има и одговорот па ги предупредува трудниците

0
644

Бри и Мич се родители на две деца, девојчето Дилан и момчето Дакс.

Дакс има четири ипол години, не може да оди, не може да зборува, сѐ уште го хранат родителите, не знае самостојно да оди во тоалет и му треба помош во сите секојдневни активности. Само неколку дена по неговото раѓање родителите дознале дека нешто не е во ред. Имено, Дакс тогаш не го поминал тестот на слух, но лекарите биле уверени дека проблемот е во вишокот на течност во увото и го отпуштиле од болницата со напомена за една недела повторно да дојдат да го направат тестот.

Следниот аларм за узбуна се случил кога лекарите сфатиле дека обемот на неговата глава се намалил во однос на мерењето веднаш по раѓањето. Тогаш неговата мајка првпат слушнала за цитомегаловирусот (CMV), чест вирус кој е и најчеста инфективна причина за инвалидитет кај новороденчињата.

Сепак, дури после три и пол месеци, неговата дијагноза е потврдена, а лекарите заклучиледека на тој вирус бил изложен додека бил во матката. За жал, по таа дијагноза следувала низа други, вклучувајќи и микроцефалија, церебрална парализа, полимикрогирија, губење на слухот, оштетување на видот, доцнење во развојот и епилепсија.

Денеска Бри не го крие разочарувањето во системот и фактот дека можела да ги намали шансите нејзиното дете да заболи од оваа тешка болест, дури за 50 отсто. Како што наведува на својата Фејсбук страна, во Австралија секојдневно се раѓаат едно до две деца со инвалидитет придизвикан од овој вирус, а тоа може да вклучува губење на слухот, видот, намален обем на главата, церебрална парализа, доцнење во развојот или намалена интелектуална способност , а во ретки случаи и смрт. Сепак, повеќето трудници не знаат за овој вирус.

Токму затоа одлучила да ги предупреди сите жени на работите на кои можат да внимаваат и така да ги намалат шансите за добивање на овој вирус.

„Прашањето кое си го поставувам е што можев да направам поинаку. Сега е лесно да се одговори на тоа кога знам сѐ што знам“, пишува на почетокот на својата објава на Фејсбук.

„Би си направила себеси свежо парче тост наместо да ги јадам остатоците од својата ќеркичка. Би ја бакнала во образ, а не во уста. Би зела чиста чаша ако не сум сигурна дека е моја. Почесто би ги миела рацете“, набројала таа неколку примери за тоа како од денешна перспектива би се однесувала во текот на бременоста. Исто така, таа навела неколку општинасоки за сите трудници.

ИМено, ако е жената заразена со CMV во текот на болеста, постои ризик дека и нејзиното неродено бебе ќе се зарази. За да го намалите ризикот, се препорачува:

  • Често миење на рацете со сапун и вода најмалку 15 секунди и темелно сушење на рацете. Особено после близок контакт со мали деца, менување на пелени, дување на нос, хранење на мало дете и ракување со детските играчки.
  • Не ја делете храната, пијаокот, приборот за јадење или четката за заби.
  • Избегнувајте да бакнувате дете во уста, па макар било и вашето.
  • Користете едноставен детергент и вода за чистење на играчките, миење на садови и други површини кои доаѓаат во контакт со детска урина, слуз или плунка.

„За жал, не бев свесна за овој вирус и својот товар за вината ќе го носам засекогаш, заради што ми е тешко да ја гледам оваа снимка од ехо, слика на совршено развиено дете, слика која во следните недели се сменила поради вирусот“, заклучила Бри.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]