Три Јовани и две Анастасии

Паралелка во која се инклузирани неколку дечиња со посебни потреби викендов беше гостин во Зоолошката градина и е најубавиот доказ за детската единственост и сплотеност. 

0
270

Викендов, во Зоолошката градина во Скопје беше на гости училишна паралелка во која учат заедно многу еднакви, слични и различни дечиња, а беа промовирани и трите видеа од проектот „Еднакви, слични, различни“.

Инаку, оваа паралелка во која се инклузирани неколку дечиња со посебни потреби е најубавиот доказ за детската единственост и сплотеност. 

Видеото со наслов „Три Јовани и две Анастасии“ кое во себе ја интегрира пораката за инклузивност може да се погледне тука.

Настанот беше реализиран во склоп на одделенско кафуле на паралелката за која се напишани три истоимени раскази, во „Другарче“ и „Развигор“.

Сите ученици учествуваа на различни начини, и испратија порака – Инклузија е кога сите деца се посебни, затоа што на различни начини учествуваат градејќи свет на еднакви, слични и различни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]