Во Тетово се оддржа работилница насловена како: „Со советување на трудниците и идните мајки до намалување на морбидитетот и морталитетот за мајки и новороденчиња“ . Советувањето го организираше др.Борислава М. Спировска, гинеколог – акушер во гинеколошката ординација „Меркур – Венера“.
Др. Спировска, истакна дека преку овие бесплатни советувалишта сака да им укаже на идните мајки дека улогата на матичниот гинеколог е клучна во алката од зачнување, бременост, па се до породување.
Таа посочи дека на советувањата идните и младите мајки ќе може да научат како да се справат со новата улога „мајка“ и како лесно да се приспособат на неа.
„На нашите советувања на идните мајки им дадовме насоки кои се задолжителни контроли, што може, а што не може да прави една трудница, кои се можни симптоми за несакани ситуации, како да се хранат, кои витамини и минерали им се потребни за поддршка во бременоста, психички ќе ги подготвиме за моментот на породување, како и за првите денови од мајчинството, а присутните имаа можат и да слушнат како правилно да го дојат своето малечко, дали бебето напредува или можеби му е потребна помош или дохрана. Секако овде ќе може да научат и како мајките да им дадат соодветна хигиена на нивните малечки. Идејата на ова бесплатно советувалиште е да создаваме здрави мајки и деца, а со тоа и среќни семејства“ – истакна гинеколог- акушер Борислава М. Спироска.
Присутните имаа можност да слушнат и научат како правилно да ги хранат бебињата и децата, кој е правилниот баланс, колку е важно доењето за новороденчето, како мајките да немаат мака со правилни подои, а со тоа и да избегнат можни создавања на рагади на градите или маститис. Доктор Јорданка Маџоска, истакна дека многу е важно жените да направат сė за да се породат природно, со што ќе овоможат бебињата на природен начин да се подготвуваат на надворешната средина.
„Во првите 7 до 10 дена бебињата треба да се дојат до 12 пати во денот, првите два дена треба да има барем две мокри пелени, ако има столица, и смирено бебе тогаш значи дека бебето има доволно храна и љубов. Првите денови на бебињата им се потребни 5 мл, млеко како одминуваат деновите така се зголемува потребата од млеко, а со тоа и подоите а расте и лактацијата во градите на мајките. Бебињата, преку цицање ви помагаат да се создава млеко во вашите гради. Многу е важно еднаш неделно бебето да се носи бебето на контроли за да може матичниот педијатар да види дали добро напредува“ – истакна Јорданка Маџоска – педијатар.
Мајките имаа можност да научат и колку е важно да се следи растот и развојот на новороденчињата со една цел, создавање на здрави и среќни идни генерации.
Претставничката на брендот „Мустела“, Бојана Јанеку, на младите мајки им даде совети како правилно да ги негуваат новороденчињата и малите деца. Посочи дека кожата е орган кој памети, затоа порача:
„Многу е важно да се следи липидната состојба на кожата на бебето, каква е оваа состојба на бебешката кожа таква колекција и нега треба да му се пружи на детето. Мајките да бидат внимателни со бебињата кои имаат многу сува кожа. Таквата кожа дава знак и за имунолошки проблеми кои со педијатарот треба да ги испитате. Атопискиот дерматит бара и соодветен третман. Избегнувајте ги влажните марамчиња, затоа што бебешката кожа е многу нежна, бебињата мијте ги со вода, а интимната регија заштите ја од иритации со соодветните креми за бебиња кои ги нуди „Мустела“ – порача мр. Бојана Јанеку, фармацевт.
Оваа советување беше поддржано од „Мустела“