Од вишокот мајчино млеко може да се направи сирење, сладолед, сапун…

Ако имате повеќе мајчино млеко отколку што може да испие бебето, еве неколку необични начини како истото да се искористи. Или подобро не?! Што мислите вие за ова?

0
356

Мајчиното млеко се нарекува најмоќна храна на светот заради хранливите материи, витамините, минералите, маснотиите и други нутриенти.

Доволно е да се погледне во која било онлајн група на мајки и ќе најдете мајка која ја сугерира употребата на мајчиното млеко кое благодарение на неговата исцелителна моќ, за зацелување на болните брадавици кај мајките или за лекување на конјуктивитис, инфекции на уво, егзем, акни кај бебињата…

Но некои мајки отишле и многу подалеку од ова. Можеби ќе звучи чудно, но покрај мајките кои донираат или продаваат мајчино млеко за други мајки кои немаат млеко, но и за спортисти, некои од нив, за вишокот од своето млеко имаат прилично чудни, креативни, но и генијални идеи.

Накит

Од мајчиното млеко е можно да се направи накит. Никол Каминг од Велика Британија со посебна техника го претвара своето млеко во вистински уметнички дела. Од тоа направила бизнис и изработува накит и за други мајки. Кај нас ова го прави Катерина Габунија која освен од мајчино млеко, изработува накит и од папочна врвца, косичка, запче.

Сладолед

Ова можеби не звучи многу примамливо, но ако вашето дете повеќе не цица толку како претходно или одбива да цица, а вие сė уште имале млеко. Пробајте да направите сладолед. Некои мајки едноставно мешаат малку мајчино млеко со мраз, а некои додаваат и овошје за да му дадат поинаков вкус.

Сирење

Пред неколку години, готвачот во еден ресторан во Њујорк, Даниел Ангерер и неговата жена Лори, ги изненадиле гостите воведувајќи во понудата на менито посебно сирење изработено од мајчино млеко. Во овој експеримент се впуштиле, откако во домашниот фрижидер им се јавил недостаток од простор за мајчиното млеко кое го чувале за својата ќерка. Даниел го објавил и рецептот, кој вклучува 4 шолјички млеко, јогурт, сириште и морска сол, за специјалитетот кој го нарекол „Сирење од мајчино млеко“, додавајќи дека може да го проба секој кој е заинтересиран, сė додека залихите траат.

Сапун

Мајчиното млеко е совршено за чистење на кожата, а освен тоа ќе ја омекне затоа што содржи есенцијални протеини, аминокиселини и витамини.

Лосион

Освен за хранење на бебињата, мајчиното млеко може да се користи и за нега ако од него направите крема. Мајчиното млеко во вид на лосион може да се користи за нега на кожата на бебето против егзем, осип од пелени, но и за постари деца и за возрасни лица за лекување на акни.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]