Доењето е корисно за срцето на мајката

Кај жените кои доеле после менопаузата е забележан помал ризик од срцеви заболувања, објавиле истражувачите од универзитетот во Атина.

0
149

Научниците додаваат дека поизразено позитивно влијание било присутно кај испитаничките кои доеле подолго. Ваквото влијание на доењето не зависело од фактите како што е телесната тежина, концентрацијата на холестерол во крвта или евентуалното пушење.

Претходните студии покажале дека доењето поради зголемување на присутноста на хормонот пролактин може да го намали ризикот од заболување од дијабетес. Дијабетесот е важен фактор на ризик за срцевите болести, нагласуваат истражувачите.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]