Дали е опасно индуцираното породување?

Според една студија објавена во март во списанието Њу Ингланд Журнал, индукцијата на породувањето не го зголемува ризикот од царски рез. Истото истражување покажало дека вештачкото забрзување на породувањето со лекови во 39.недела не влијае на здравјето на бебето и мајката. Сепак, жените не би требало рутински да бараат индукција на породувањето.

0
1054

Иако се соочуваат со многу други проблеми, повозрасните трудници чие породување се индуцира, не се соочуваат автоматски со зголемен ризик од царски рез, покажало ново клиничко испитување.

Британските истражувачи откриле дека повозрасните прворотки чие породување се индуцира во текот на 39.недела од бременоста, немаат поголем ризик дека ќе им треба царски рез – или било какви други негативни ефекти за себе и за своето бебе.

Стручњаците велат дека студијата укажала на тоа дека индуцирањето на породувањето е побезбедно отколку што мислеле докторите.

Но останува прашањето: Дали постои некаква полза од индукција кога жената има здрава бременост?

Нема јасни докази дека постои“, рекол д-р Вилијам Гробмен, професор по акушерство и гинекологија на Нортвестерн универзитетот во Чикаго.

Ове беше многу добра студија, но таа не би требало да доведе до некоја голема промена во праксата“, рекол Гробмен, кој го напишал воведникот објавен во студијата.

Официјално, индукцијата на породувањето се препорачува само во одредени околности – како кога жената има медицинска сосојба која неа или нејзиното бебе ги доведува во опасност или ако бременоста надминува 42 недели (Целосното траење на бременоста е околу 40 недели).

Индукцијата на породувањето од одредени немедицински причини, може да се направи, на пример, кога жената живее далеку од болницата, но не пред 39.недела од бременоста.

Една студија тестирала пракса која не е стандардна. Обидот за индукција кај жените кои се релативно повозрасни – 35 години и повеќе – и очекуваат прво бебе, но кои имаат здрава бременост.

Во теорија, индукцијата на породувањето во текот на 39.недела може да спречи подоцнежна појава на мртвородени бебиња. И претходните студии покажале дека повозрасните жени – особено оние кои раѓаат прво бебе – имаат поголем за мртвороденост на своите бебиња, рекол главниот истражувач д-р Кејт Вокер.

Но, дури и со зголемен ризик, доцната мртвороденост е ретка. Значи, се појавила загриженост дека било каква корист од индуцираното породување би било доволно за да го оправда ризикот од потенцијални компликации, вклучувајќи и неуспешно породување кое потоа доведува до царски рез.

За да добијат одговори на овие сомнежи Вокер и нејзините колеги од Универзитетот во Нотингем, регрутирале 619 жени постари од 34 годинина кои тоа им била прва бременост. Тие одредиле по случаен избор половина жени кои имале индукција во текот на 39.недела од бременоста, додека останатите ја чекале мајката природа да го направи своето или имале индукција затоа што во меѓувреме настанал медицински проблем.

На крајот, жените со планирана индукција не покажале поголем ризик од потреба за царски рез. Од друга страна, индукцијата не покажал никаква разлика во здравјето на мајките и новороденчињата.

Вокер додала дека бидејќи ниту една друга студија не е доволно голема за да ги открие ефектите на ретки комлликации: Ниедна жена во двете групи не претрпела задоцнето раѓање на мртвородени бебиња.

Но засега“, рекол Гробмен, „жените не би требало рутински да бараат индукција на породувањето во 39.недела. И доколку постои медицинска причина, додал тој, индукција не треба да се направи никогаш пред 39.недела, за да се обезбеди здравјето на новороденчето.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]