Како бебињата стануваат леваци или деснаци?

Иако определеноста за левата или за десната рака е одредена во феталната фаза, истражувањето открило дека начинот на хранење на новороденчето исто така игра улога во одредувањето на левата или десната доминантна рака.

0
444

Иако доминантната лева рака е делумно работа на генетиката, новото истражување открило дека хранењето со шише во првите девет месеци од животот на детето може да влијае на подоцнежната определеност за левата рака.

Истражувањето кое е објавено во научното списание Asymmetries of Body, Brain and Cognition проучувало 62 219 мајки и нивните бебиња кои или биле доени или хранети со шише и открило дека ‘распространетоста на леваците е помала кај доените деца отколку кај оние хранети со шише’.

„Мислиме дека доењето ги оптимизира процесите низ кои поминува мозокот кога ја зацврстува определеноста за левата или за десната рака“, рекол авторот на истражувањето Филипе Хујоел. Иако определеноста за левата или десната рака е одредена во феталната фаза, истражувањето открило дека начинот на хранење исто така игра улога во одредувањето на лева или десна доминантна рака. Меѓутоа, во расправата која следувала по резултатите од истражувањето, забележано е дека само 22 отсто (речиси еден од пет) леваци од оние кои како бебиња се хранети со шише својата определеност за левата рака можеле да ја припишат на недостатокот на доење, такашто е јасно дека методите на хранење не се единствен фактор кога е во прашање развојот на доминантната рака. Како и да е, поврзаноста е секако фасцинантна.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]