Средните деца се поуспешни и имаат побогат социјален живот

Средните деца во семејството често го извлекуваат подебелиот крај, а истражувањата покажуваат дека се во предност пред постарите и помладите сестри и браќа

0
200

За средните деца во семејството се верува дека се занемарени, погрешно сфатени и потценети.

Меѓутоа, авторката на книгата Тhe Secret Power of Middle Children, Кетрин Шумен, смета дека овој стереотип воопшто не важи во вистинскиот живот.

„Средните деца имаат поголема веројатност од своите браќа и сестри да бидат успешни и да уживаат во социјалниот живот и процветот на кариерата“, рекла таа за Дејли Меил.

„Очигледните недостатоци кои ги поднесуваат во детството се подоцна корисни, во многу случаи им даваат атрибути на емпатични, независни, артикулирани и креативни лица. Многу славни личности како Џулија Роберт се средни деца во семејството“, објаснила таа.

Освен споменатата холивудска глумица, средно дете е и Бил Гејтс. Неговата извонредна способност на размислување надвор од рамките и преземањето умерен ризик му загарантирале успех.

Една студија објавена во списанието The Journal of Genetic Psychology покажала дека средните деца подобро функционраат во групни активности од најстарите и најмладите, а остваруваат и подобар успех во друштвото.

Шумен нагласува дека и многу американски претседатели како Томас Џеферсон, Абрахам Линколн, Теди Рузвелт и Џон Ф.Кенеди се родени како средни деца.

„Тие деца се исклучително трпеливи, можеби затоа што толку време во детството чекаат да дојде нивниот ред. Тие можат да се пофалат со вештината на одложување на задоволството што е една од вистинските одлики на цивилизирано однесување. Во интеракција со постарите и помладите, средните деца се учат на компромис, а обично имаат висок степен на емпатија, предаденост и ги одликува способноста да ги согледаат работите од гледна точка на другиот“, додава Шумен.

Значи, ако и самите сте средно дете во семејството или имате средно дете, не се вознемирувајте. Изгледа дека од оваа положба има полза.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]