Дали и вие секојдневно користите влажни марамчиња?

Детската кожа е исклучително чувствителна па сѐ што доаѓа во допир со неа е предмет на сериозни научни истражувања и проверки....

0
370

Бројот на деца кои страдаат oд алергии расте со огромна брзина, во развиените земји ги има 20 отсто повеќе во последните дваесет години, а никој не е сигурен што е причината.

Едни тврдат дека е генетскиот фактор, други велат дека се менува изложеноста на алергени во раното детство па тоа предизвикува реакции.

Новата студија тукушто објавена во стручно алерголошко списание укажува на врската помеѓу генетиката, алергиите на храна и средствата на кои е изложена детската кожа. Имено, влажните марамици со кои родителите ги бришат бебињата оставаат слој од сапун на кожата, а го отстрануваат природниот заштитен слој.

Ако постои уште и генетска предиспозиција, речиси сигурно ќе се појави алергија во детството, пред сѐ, во вид на егзем.

Затоа се советува ограничена употреба на влажни марамици на детската кожа, како и задолжително обилнo испирање со чиста вода после бањање.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]