Ако повеќе немате идеја како да го убедите своето мало пребирливче да проба свежо овошје и зеленчук, обидете се со оваа која ја пробале многу мајки и потврдиле дека навистина делува.
Фотографиите се од блогот The stork and the bean stalk кадешто оваа мајка по име Ешли потврдила дека на овој начин го поттикнала својот син да проба што повеќе храна, а за ова прочитала во книгата која ја напишал д-р Сеарс.
Начинот е повеќе од едноставен, а станува збор за следното…
Сѐ што треба да направите е да земете сад за мраз и да го наполните со разновидно овошје и зеленчук исечкани на ситни парченца или ако станува збор за ситни намирници (грашок, боровинки) едноставно наредени во коцките.
Во секој отвор ставете друга намирница, нека биде што пошарено и поразновидно затоа што шаренилото дејствува привлечно. Бидете сигурни дека на овој начин ќе проба сѐ за што досега негодувал и го вртел главчето.
Освен тоа што ќе проба нова храна, ќе станува и понезависно затоа што наместо да го храните самото ќе си ја зема храната со прстињата.
Освен овошје и зеленчук во калапите за мраз можете да ставите и макарони, ориз, крекери, месо, сѐ она што мислите дека вашето дете би требало да проба.
Оваа идеја се проширила на интернет со молневита брзина, а многу мајки ја потврдиле нејзината делотворност.