Во моментот кога бебето ќе дојде на овој свет, тоа бара чувство на заштитеност и сигурност какво што чувствувало во стомакот на мајката. Тоа е состојба која му е позната, со која се чувствува безбедно и кога тие услови се задоволени може полесно да се смири. Токму затоа на пазарот постојано се појавуваат нови производи чија цел е исполнување на споменатите услови во надворешниот свет, а родителите постојано трагаат по нешто ново, за да го најдат најдоброто решение за нивното бебе.
И колку повеќе се трага по ново, сѐ повеќе се враќаме на старото.
Така сега имаме најразлични старо-нови изуми од типот на повивање на бебето, слинг марами и марами за носење, класични и модерни, колевки за нишање, носилки, но и електрични колевки, а сите се трудат да ги направат што попријатни првите денови на бебето во новата средина. А сега е тука и гнездото…
Родителите сигурно веќе слушнале за шведскиот бренд Sleepyhead кој својата доминација на детскиот пазар ја почнал со иновативни гнезда за бебиња, таканаречени pods, кои имаат подигнати рабови и во кои бебето може да го поминува поголемиот дел од денот и ноќта. Меката подлога дава удобност, а подигнатите рабови овозможуваат бебето да се чувствува безбедно, како да го држите во регратки, па затоа може полесно да заспие.
Секако, тоа доаѓа со привлечен дизајн во разни дезени, лесни материјали за подобра мобилност, врвна навлака која се пере и полнење за максимална практичност. Брендот го почнала Лиза Фуруленд Коцианис по раѓањето на својот прв син кога заклучила дека на пазарот недостасува нешто, а таа може да ја пополни таа празнина со свој производ.
Sleepyhead гнездата се избор на многу родители кога станува збор за заедничко спиење, игра, патување со детето, галење, намалување на ризикот бебето да се стркала од креветот и слично.
Тие се добар избор за постепено воведување на бебето во самостојно спиење во креветче, на преминот од она детското во она без оградичка затоа што ја намалуваат можноста за паѓање од кревет.
Секако, по успехот на своите гнезда кои станале познати во целиот свет, шведскиот бренд одлучил да направи чекор понатаму и да зачекори во производство на колевки. И тоа, не какви било, туку на луксузни колевки под името Аристот. Добрата страна на овие луксузни колевки е што кога детето ќе ја прерасне колевката, таа може да се пренамени во некое друго парче мебел и да остане во семејството со генерации.
Фото: Инстаграм