Ако вашето дете кое е постаро од две години не сака да спие попладне, не го присилувајте. Тоа е совет од стручњаците за спиење кои предупредуваат дека попладневниот одмор само го нарушува квалитетот на ноќниот сон кај децата постари од две години..
Иако многу родители сметаат дека попладневниот одмор е пожелен, новите истражувања покажуваат дека тој всушност има негативно влијание на здравјето.
Според насоките што ги дава National Sleep Foundation, на децата постари од две години им требаат помеѓу 10 и 13 часа сон.
Меѓутоа, истражувањето објавено во Archives of Disease in Childhood открива дека децата кои после втората година од животот продолжуваат да спијат во текот на денот, подоцна страдаат од лош квалитет на ноќниот сон.
Професорката Карен Торп од Универзитетот Квинсленд се согласува дека попладневниот одмор може да биде знак дека децата премногу спијат.
„Родителите мораат да сфатат дека дневниот и ноќниот сон не се исти. Ако спиете во текот на денот, само го реметите ноќниот сон кој е биолошка потреба“, објаснила таа.
Заклучокот на стручњаците е дека децата постари од две години кои не спијат попладне ќе спијат подобро во текот на ноќта, а тоа и онака им е најважно на повеќето родители.
Фото: Pixabey