Вашето тело по породувањето го чекаат некои позитивни промени

Група мајки за Kidspot откриле на кои сѐ начини се сменило нивното тело по раѓањето на детето. За мајките кои дојат најголема предност биле поголемите и поедри гради. Освен тоа, цврстите и мускулести раце и рамена заради кревањето на бебето биле уште една предност. Некои од нив се бореле со псоријаза, која по породувањето исчезнала.

0
324

Бременоста и периодот по породувањето носат низа промени кои кај секоја жена можат да бидат различни. И додека повеќе се зборува за негативни промени, ретко кој ги споменува и позитивните.

Но група мајки за Kidspot откриле на кои сѐ начини се сменило нивното тело по раѓањето на детето. Освен испукани брадавици на градите, течење на млеко од дојките, болки во зглобовите, болки во долниот дек од грбот, стрии, лузни, зголемен апетит, намалено либидо, мајките откриле и некои позитивни промени по породувањето за кои дотогаш не ни размислувале.

За мајките кои дојат најголема предност биле поголемите и поедри гради. Освен тоа, цврстите и мускулести раце и рамена заради кревањето на бебето биле уште една предност.

Некои од нив се бореле со псоријаза, која по породувањето исчезнала, а некои со време изгубиле и доста масни наслаги на телото.

Една мајка додала како со породувањето го зголемила прагот на болка. Други навеле дека честите прошетки со децата им ја подобриле кондицијата, а и нивото на витамин Д поради престојувањето на отворено.

Некои откриле дека храната која претходно не ја поднесувале, по породувањето повеќе не им била одбивна.

Женското тело по породувањето се менува во многу погледи. Тоа по породувањето треба да се врати во форма,  и во претходната состојба, но за тоа е потребно одредено време. Затоа, не очајувајте, туку уживајте во малите победи.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]