Ризикот од компликации при царски рез расте со возраста на мајката

Царскиот рез носи поголем ризик од компликации од вагиналното породување, а новата студија покажала дека повозрасните мајки се најмногу изложени на ризик.

0
540

Во современиот свет, стапката на царски рез пораснала на повеќе од 20 отсто породувања, иако Светската здравствена организација го препорачува тој хируршки зафат само за 10 до 15 отсто од случаите, кога се во опасност здравјето на мајката или бебето. Царскиот рез може да спаси живот, но таа постапка носи и ризици како што се инфекциите, засилено крварење, повреда на репродуктивните органи и крвни згрутчувања.

Во оваа студија научниците сакале да добијат појасна слика за тоа колку често се појавуваат компликации заради тој зафат, а колку поради непрепознаени медицински проблеми кои се можеби и причина поради која трудницата морала да оди на царски рез. Затоа научниците ги проучиле податоците за 1444 жени кои имале тешки компликации по породувањето, а кои не биле поврзани со претходни здравствени проблеми. За споредба ги проучиле и податоците за 3464 жени кои немале компликации.

Жените кои имале царски рез имале 80 отсто поголем ризик од компликации во споредба со оние кои родиле вагинално, известиле научниците во списанието CMAJ. Освен тоа, жените постари од 35 години кои отишле на царски рез имале тројно поголем ризик од тешки компликации.

„Породувањето е безбедно“, изјавила авторката на студијата д-р Кетрин Денеш-Тараукс од INSERM во Париз.

„Меѓутоа, во мал број на случаи можат да се појават тешки компликации кај мајката во текот на породвањето или набрзо по него. Тоа се случува во отприлика 1,5 отсто породувања, а главна причина е големо крварење“.

Колку е жената постара, толку повеќе мускулниот слој на матката ја губи својата способност за делотворно контрахирање и тоа може да придонесе за тешко крварење по царскиот рез кај постарите родилки, рекла Денеш-Тараукс. Околу 85 отсто од комликациите вклучувале крварење по породувањето.

Жените од сите возрасти имале зголемен ризик од компликации како последица од царски рез направен откако породувањето почнало, одлука која често се донесува заради загрозеното здравје на мајката или бебето.

Мајките помлади од 25 години кои имале царски рез по почетокот на породувањето имале 60 отсто поголем ризик од компликации во споредба со истата возрастна група која имала вагинално породување.

Трудниците на возраст од 35 години или постари на кои им бил направен царски рез по почнувањето на породувањето имале четири пати поголем ризик од компликации отколку мајките постари од 35 години кои родиле вагинално.

Кај закажан царски рез само најстарите родилки во студијата имале ризик од компликации.

Во секој случај, резултатите од студијата им даваат на жените уште една причина да бидат внимателни и да не одат на царски рез ако тое не е неопходно, изјавила Лаура Шумерс од Универзитетот в Ванкувер која не била вклучена во студијата.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]