Било спроведено истражување и се дошло до податоци дека сѐ уште 79 отсто од родителите им сервираат на децата поголеми порции од препорачаните. Се покажало дека три третини од родителите се грижат дека нивните деца не јадат доволно поради што често им сервираат повеќе храна отколку што би требало да консумираат. Од друга страна, само 25 отсто се грижат дека нивните деца еден ден би можеле да бидат дебели.
Нутритивните стручњаци ги испитале навиките на илјада родители на деца на возраст од една до четири години.
Веруваат дека е резултатот полош од очекуваниот затоа што родителите сѐ уште не знаат каде да побараат совет за големината на порциите храна.
Сега поради тоа започнале нова кампања и на своите станици објавиле што значи соодветен оброк за дете, зависно од неговата возраст.
„Денеска јадеме сѐ повеќе процесирана храна која е полна со додадени шеќери и масти. Големината на порцијата се зголемила за 50 отсто во однос на оние што ги јаделе нашите баби и дедовци. Што повеќе јадеме, нашето тело има поголеми очекувања. Ако не внимаваме, големите порции ќе станат норма“, смета експертката за слабеење д-р Сали Нортон.
На страницата на Infant and Toddler Forum можно е да се прегледаат намирниците наредени по групи и да се дознае која е препорачаната количина за дете.
„Колку јаде детето зависи од денот и оброкот. Родителите не би требало да с егрижат ако детето понекогаш јаде помалку затоа што ниту вам не ви е сѐ еднакво вкусно и немате секогаш ист апетит“, предупредила педијатарката специјализирана за исхрана на деца д-р Џуди Мур.
Фото: Pixabey