На многумина оваа идеја им се допаднала – да се чуваат матичните клетки на децата и така да се зголемат нивните шанси за опоравување во случај на некои потешки болести. Но, главното прашање е дали овие клетки навистина можат да го спасат животот на вашето дете еден ден?
Некои родители веќе се соочиле со неразбирање затоа што не го прочитале добро договорот кој го потпишале. На некои родители им кажале дека не можат да им помогнат иако тие ги чувале клетките на своите деца во банка, затоа што клетките, кога ги замрзнале веќе биле погодени со болеста од која страда нивното дете.
Некои здруженија на гинеколози и педијатри го изразиле своето несогласување со чувањето на клетките во приватните банки уште во 90-тите, а на пример, во Италија и во Франција, овие банки се забранети. Некои стручњаци сметаат дека е ова фрлање пари, затоа што постојат мали шанси дека чувањето на матичните клетки може да му го спаси животот на вашето дете. Сепак, многумина се одлучуваат на овој чекор и поради тие мали шанси.
Се верува дека на овој начин ги зголемувате шансите за опоравување доколку вашето дете се разболи од леукемија, лимфом, болести на клетките,…Некои доктори изразуваат надеж дека науката ќе напредува и дека овие банки еден ден ќе добијат на значење.
Сомнежи
Некои истражувања покажуваат дека огромен број од матичните клетки кои се чуваат во овие банки е неупотреблив, па дека никогаш ги нема доволно за вистинска трансплантација. Од друга страна, овие матични клетки понекогаш им помогнале на близнаци или на некој од семејството, но постојат само 25 отсто шанси дека тие клетки ќе бидат соодветни.
Другата страна
Сепак, не може да се каже дека приказната со матичните клетки е целосно бесмислена. Секако дека со тоа овозможувате некои шанси за опоравување на донорот или некои од неговите најблиски, но цената и малиот процент, односно, корисноста од сето тоа ги оддалечуваат луѓето од тие банки.
Ако сепак се одлучите на таков чекор, задолжително претходно добро информирајте се. Проверете дали банката на клетки ги исполнува сите стандарди и услови, дали постои барем пет години, колку до сега имаат случаи со успешни трансплантаци (и една е ветувачка но 3 се веќе многу подобра бројка), колку сето тоа точно ќе ве чини и каква е процедурата доколку тие клетки ви затребаат?
Во Македонија има повеќе фирми кои нудат договори за чување на матични клетки од папочна врвца, главно во странство. Цените за оваа услуга се движат од околу 1.500 до 2.400 евра во зависност од условите што ги нудат…
Различни мислења
Светските медиуми пренесуваат различни ставови на познати установи и лекари ширум светот. Пред извесно време, најпознатиот индиски весник „Тајмс оф Индија“ објави новинарско истражување со наслов „Крв од папочна врвца-големи бизниси мали придобивки“. Во него пренесува став на д-р Сунета Митал, директор и шеф на одделот за гинекологија и акушерство на болницата „Фортис“ во Гургаон, кој вели дека употребата на крвта од папочната врвца за лекување разни заболувања се уште е во експериментална фаза, па затоа не ги советуваат пациентите да чуваат матични клетки.
Меѓутоа, во исто време, магазинот „Перентс“ објави дека многу лекари кои порано беа противници на чувањето на матични клетки од крв од папочна врвца по извесно време го смениле своето мислење. Еден од нив бил и познатиот гинеколог Џордан Перлоу од Феникс во САД. Со појавувањето на првите банки за матични клетки неговото мислење било дека тие само сакаат да заработат од родителите. Но, по учеството на голем број конференции и студиски истражувања, д-р Перлоу го сменил мислењето и сега ги охрабрува своите пациенти да ги стават во банка матичните клетки од своите деца.
Што мислите вие за ова? Дали сте за или против чувањето на матичните клетки?
Фото: Pixabey