Шокантно: Признала дека имала полов однос два часа по породувањето

Дебора Хоџ и нејзиниот тогашен партнер станале родители во juli 2013, a само два часа по породувањето воделе љубов во болницата. Оваа 44.годишна жена го признала ова во емисијата This Morning. Што мислите вие за ова?

0
1070

„По раѓањето на ќерката се опоравував во собата. Таа лежеше во своето креветче, а ние се галевме во креветот и тоа доведе до полов однос“, рекла Хоџ и додала дека поради епидуралната која ја примила во родилната сала не чувствувала никаква болка во текот на односот.

„Бевме толку блиски во тој момент. Не се чувствував привлечна туку посебна. Не можев да верувам дека го направивме тоа. За сѐ ги обвинувам леовите на кои бев тогаш“, објаснила таа.

Хоџ и нејзиниот партнер повторно воделе љубов три дена по враќањето од болницата.

„Внимававме на шевовите“, се потсетила таа.

Нивната романса не траела долго и се разделиле неколку месеци по раѓањето на ќеркичката.

Инаку, лекарите не препорачуваат сексуален однос најмалку шест недели по породувањето, односно, им советуваат на жените прво да направат контролен преглед кај својот гинеколог. Ризикот од постпородилни компликации  е најголем во текот на првите две недели по породувањето, особено ако на родилката ѝ е оштетено ткивото или имала епизиотомија. Односот во тој случај може да биде болен и да дојде до инфекција.

„Одлуката за тоа кога е време за полов однос, е на мајката, но важно е да се почека да престане крварењето за да не дојде до инфекции и други компликации,

„Исто така, жената треба да се чувствува психочки подготвена за ова“, истакнува д-р Хериен Вон.

Фото: Youtube screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]