Која е првата вистинска потврда дека вашето бебе добро напредува?

Првата вистинска насмевка доста зборува за развојот на бебето. Таа е сигнал дека видот на бебето се развил доволно за да може да ве препознае и дека вашето лице го разликува од сите други.

0
471

Генерално, бебињата почнуваат да се насмевнуваат помеѓу 6. и 12. недела, и уште тогаш можете да почнете на своето бебе да му покажувате дека е тоа нешто позитивно и убаво.

Но, бебињата се насмевнуваат уште пред да се родат и понекогаш, ако имате среќа, ќе се случи лекарот да го „фати“ баш тој момент на ехо снимката, па ќе ви остане и спомен и сликичка од таа прва насмевка.

На возраст помеѓу шест и 12 недели, бебињата се насмевнуваат рефлексно. Тоа е повеќе последица од запознавањето на бебето со сопственото тело, и истражувањето на сите можности кое тоа им ги дава.

Но набрзо ќе дојде момент кога бебето ќе почне навистина да се насмевнува, и тоа е момент кога со сето срце ќе сакате вие да бидете извор на таа насмевка, или барем да бидете присутни кога тоа ќе се случи.

Многу е важно секогаш кога ќе видите дека вашето бебе се смее да се насмевнете и вие, за да му покажете дека е тоа нешто добро и убаво.

Околу осмата недела, феноменот на рефлексна насмевка се губи и бебето тогаш почнува да се смее свесно.

Кога и колку долго ќе се смее зависи од најразлични работи, но рефлексни насмевки понекогаш ќе се јавуваат, накратко, кога е бебето поспано.

Вистинска насмевка ќе се појавува како реакција на стимуланси – лицето или гласот на родителите и таа насмевка ќе трае подолго од рефлексната. Ќе знаете дека бебето вистински се насмевнува кога ќе му се смеат и очињата кога ќе ве здогледа.

Што значи насмевката во контекст на развојот на бебето?

Првата вистинска насмевка доста зборува за развојот на бебето. Таа е сигнал дека видот на бебето се развил доволно за да може да ве препознае и дека вашето лице го разликува од сите други. Освен тоа, тоа е сигнал и дека мозокот на бебето се развил доволно за тоа да може да има контрола на тоа кому и колку ќе му се смее, а насмевката станува начин на комуникација и зближување со луѓето кои му се блиски.

Првата вистинска насмевка значи и дека бебето распознава емоции, и затоа е важно да му се смеете и вие нему – за да знае дека чувствата се важни и дека луѓето со кои е опкружено се свесни за нив.

Таа прва насмевка значи и дека мама и тато сѐ прават како што треба, зарем не е тоа прекрасно?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]