Научниците предлагаат границата на „возрасноста“ (18+) да се прогласи за застарена

Кога за некого велиме дека е возрасна личност, дали тоа го проценуваме врз основа на бројот на годините или на зрелоста? Врз основа на промените во развојот психолозите дале груба проценка за тоа на колку години се стапува во возрасна доба

0
59

Што ја прави една личност возрасна? Постојат ли одредени години кога би требало да се сметаме за возрасни? Велат дека кога ќе наполниме 18 години сме „полнолетни“. Или можеме да се сметаме за возрасни само кога ќе исполниме одреден број однапред одредени „церемонии на премин“ во возрасно доба? Хипотека, брак, работа од 9 до 17, просечен автомобил, бела дрвена ограда и слично.

Науката одговара на ова прашање, но реалноста е помалку јасна. Последните истражувања сугерираат дека станувае целосно формирани личности дури кога ќе досегнеме до триесетите – преку пубертетот, растот на умници, губењето на невиноста – годините за ова варираат од личност до личност.

Причината заради која научниците ги наведуваат триесетите години како пресвртница кон возрасното доба е во обемот на промените, особено во мозокот, а кои се случуваат во текот на пубертетот па преку дваесетите години. Нашите неурони продолжуваат да се развиваат, надоврзуваат и стануваат сѐ подефинирани во текот на третата деценија, иако повеќето промени се слулуваат во текот на средното тинејџерско доба. (Промените можат да се продолжат и по триесетиот роденден).

Промените кои се случуваат влијаат на нашето однесување, дури можат да доведат до развој на ментални болести за кои сме предиспонирани, како што е на пример шизофренијата. Периодот на развој на шизофренија е кај мажите доцниот пубертет – раните дваесети, додека кај жените се тоа доцните дваесети – рани триесети.

„Она што сакаме всушност да кажеме е дека обидите за дефинирање на точните години кога се преоѓа од дете во возрасен човек, се сѐ поапсурдни. Многу е позналаен периодот на транзиција кој се случува во текот на три децении од животот“, изјавил професорот на неуронаука на универзитетот Кембриџ, Питер Џоунс, за репортерите од Академијата за медицински науки на Оксфорд.

Идејата дека детството престанува во 18.година предизвикува сѐ поголемо внимание во последно време и е тема на стручни написи во кои се наведува дека периодот на адолесценција трае многу подолго отколку што сме ние свесни за тоа.

Терминот адолесценција е првпат опишан во 1904.година во објавениот труд на психологот Џ.Стенли Хал, наречен „Адолесценција“. Таа во својот труд ја дефинирала адолесценцијата како фаза од животот која се протега помеѓу детството и периодот на возрасна личност. МНогумина ја поврзуваат оваа фаза со тинејџерскиот период, но всушност може да почне многу рано. Научниците истакнуваат дека кај некои девојлиња пубертетот се јавува во 10.година.

Адолесценцијата продолжува во дваесетите години како што мозокот и телото продолжуваат да се развиваат, а социјално-економските фактори (како растечките животни трошоци, нестабилниот пазар на трудот и студентските долгови) ги потиснуваат традиционалните цели во животот на возрасните (врски, родителство, економска независност) и го одложуваат периодот на независност.

Согласно со ова, неодамнешните истражувања во областа на невронауката предлагаат старосната граница за одредување на „возрасноста“ (18+) да се прогласи за застарена.

Психологот Џоунс го објаснува ова како непостоечка поделба на периодот на детството и периодот на возрасната личност, туку дека би требало да се гледа како патека по која се движи секој човек.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]