Според CityLab, мрежен портал посветен на архитектурата, Финска е во тек на амбициозен проект на редизајнирање на своите 4.800 училишта. Нови 57 училишта почнале да се градат во 2015. и уште 44 во 2016., а другите се во процес на обнова.
Сė уште има училишта со традиционален изглед , но се очекува тие да бидат заменети или прилагодени со време. Дизајнирани се така за да не бидат акустични, затоа што една од минатите критики била тоа дека се училиштата премниогу бучни.
Реино Тапанинен, главен архитект во финскиот Оддел за едукација, рекол дека дизајнот на училиштето спречува просторот да биде претерано бучен, а во ентериерот има многу меки столици, големи перници, столици за лулање, каучи, како и подвижни ѕидови и приватни оддели.
Традиционалните столици и маси исчезнале, а наместо тоа воведени се простори во кои се собираат деца од различна возраст за да споделат меѓусебно тоа што научиле. Финските училишта ги подучуваат учениците од мешани возрасти и од рана возраст децата имаат поголемо учество во тоа од што ќе се состојат нивните лекции.
Минатата година порталот Education Week објавил интервју со финската министерка за образование Сани Грахн-Лаасонен, во кое таа навела некои од промените кои се воведуваат, вклучувајќи оддалечување од предметите кои се подучуваат одвоени „силоси“ до „мултидусциплинарно“ учење.
Курикулот, истакнува Education Week, бара барем еден продолжен период т.н. учење и подучување темелено на феномен.
Во тој период учениците учат традиционални предмети на холистичен начин. Тие мораат да бидат вклучени во планирањето и мора да бидат спсообни да проценат што научиле во овие периоди.
Грахн Лаасенон рекла:
„Училиштата можат да одберат тема како климатски промени и да ја проучуваат од различниперспективи, од различни предмети како математиката…Тоа на нашите деца им дава вештини да размислуваат за предмети како климатските промени, од различни перспективи“.
Заговорниците на учењето втемелено на феномен велат дека тоа помага да се опремат учениците со критички вештини кои им се потребни за да напредуваат.
Кирсти Лонка, професорка по едукациска психологија на Универзитетот во Хелсинки, рекла за Би-Би-Си:
„Кога станува збор за правиот живот, нашиот мозок не е поделене на опредмети…ние размислуваме на многу холистичен начин. А кога ќе размислите за проблемите во светот – глобалните кризи, миграциите, економијата – ние на своите деца навистина сме им дале алати кои им се потебни за да излезат на крај со интеркултуралниот свет.
Финскиот, послободен стил на образование е широко прифатен како успех. Иако финските резултати на меѓународниите ПИСА скалила, малку се спуштиле последните години, Финска е и натаму поуспешна од повеќето европски земји во математика, наука и во читање.
Експериментирањето со флексибифлни простори за учење и стилови на подучување не е ништо ново.
Фото: Kuvatoimisto Kuvio Oy