Ризикот од ненадејна смрт на бебето е двојна кога мајката пуши во текот на бременоста

Пушењето само една цигара дневно во текот на бременоста може да го направи двоен ризикот од ненадејна смрт на вашето бебе, се тврди во студијата која анализирала повеќе од 20 милиони новороденчиња, вклучувајќи и повеќе од 19.000 случаи на смрт на доенчиња.

0
294

Студијата која е објавена во списанието Pediatrics ги анализирала податоците за пушењето во текот на бременоста од податоците на американските центри за контрола на болести и превенцијата од родените и умрени доенчиња помеѓу 2007. и 2011. година и утврдила дека ризикот од смрт се зголемува за 0,07 за секоја дополнителна цигара, пишува СиЕнЕн.

Во моментот кога ќе испушите кутија цигари ризикот од неочекувана ненадејна смрт на бебето е тројна во однос со децата на непушачите.

„Еден од најсилните и најважните резултати кои би ги издвоил од истражувањето е дека дури и пушењето на една или две цигари делувале на ненадејната смрт на децата“, изјавил пулмологот д-р Седрик “Џејми” Рутленд.

Водечката авторка на студијата Татијана Андерсон кажала дека секоја цигара е важна.

„Лекарите би требало да водат разговори со своите пациенти и да велат: „Слушајте, би требало да престанете. Тоа ви се најдобрите изгледи за намалување на ненадејната смрт на доенчињата. Но ако не можете, секоја цигара која можете да ја намалите ќе ви помогне“, рекла Андерсон.

Синдромот на ненадејна смрт на доенчињата, познат како SIDS, бил застрашувачки и необјаснив феномен за родителите со децении додека истражувачите не ја откриле врската помеѓу положбата на бебето при спиењето и ненадејната смрт. Ако бебињата до првата година на животот спиеле на стомак, ризикот од SIDS се дуплирал, наведува Американската педијатриска академија.

Воведувањето на кампањата „Враќање на спиење“ во 1994.година ги едуцирала родителите за опасноста, а стапката на смртност паднала за 50 отсто кога родителите почнале да ги ставаат бебињата да спијат на грб.

Според податоците на Американската академија за педијатрија до 2010.година стапката на умирање од SIDS во САД паднала на 2.000 годишно, во споредба со речиси 4.700 во 1993.година.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]