Како мала била добро дете. Не викала во влезот, си ги средувала своите предмети, не се туркала и не се карала со врсниците, ги споделувала играчките, трчала внимателни. На сите часови кадешто ја воделе одела без поговор, прецизно ги миела забите, јадела сѐ што ѝ понудат, ги слушала баба и дедо…
Од малечка, во друштво на возрасните за неа се зборувало гласно и гордо, како за модел на дете кое е сон на сите родители. Таа го слуша тоа со години. А кој би сакал тоа да го прокоцка…
Кога тргнала во основно училиште, знаела и кирилица и латиница. Била вредна, самостојно ги пишувала домашните задачи, а чантата и гардеробата си ги подготвувала навечер, пред првата смена, а не наутро. Ги имала сите петки. На вонучилишните активности ја префрлиле во напредна група.
Се запишала во најдобрата гимназија со речиси 100 бодови. Ги имала сите петки, но мајка ѝ забележала дека не се смее баш многу.
Татко ѝ сметал дека мајка ѝ само фантазира и дека е тоа само фаза. Премногу е горд на неа и сериозно е навикнат на удобноста на улогата на нејзиниот татко, за да ја признае можноста на постоење на било каков проблем.
Кого и да прашале дали е сѐ во ред (во училиште, во друштвото, на вонучилишните активности..) одговорот бил ист: „Сѐ е во најдобар ред, таа е прекрасно дете, бидете горди“. И горди се. И тоа многу.
„Дали се смее?“, ги прашала мајката возрасните кои работат со девојчето. Застануваат, се прашуваат, размислуваат и се збунети со тешкото и неочекувано прашање велат: „Па онака, веројатно, не обратиле внимание, затоа што насмевката од пристојност е секако секогаш тука. Но мајката ја загрижува отсуството на кикотење кај нејзината тинејџерка и почнува да се распрашува.
Дознава дека нејзиното дете носи огромен, тежок товар на одговорност да биде најдобра и да остане на самиот врв, затоа што така навикнала. Не морала посебно да се труди околу тоа до дванаесетата година, но потоа станувало сѐ потешко и потешко да остане на тронот кадешто си роден. Со 16 години таа го минува деновите во расположение на хирург пред операција, подготвена, одговорна, сериозна, свесн за ризикот и без право на грешка. Од грешките се плаши и тука нема место за кикотење, а таа е сепак само дете.
Освестете се себеси и своите деца ослободете ги од тежината на титулата: најдобри. Опасна е за квалитетот на животот, еднакво како и етикетата „најлош“.
Искусните колеги советуваат низата на успеси постигнати главно поради вродените предиспозиции, да се прекине уште во второ одделение со лоша оценка по музичко, па подоцна и по ликовно.
Поентата е децата да знаат дека се прифатени, сакани, ценети и важни…и кога не се најдобри.
Ако не го пробаат тоа на време, а многумина не добиваат можност, како ќе знаат дека планетата исто се врти и кога ќе згрешиш?!
Додека гласно го фалите своето мало дете во друштво, дури и ако е секоја пофалба реална, ставате високи очекувања во вреќата на нивните мали плеќи.
„Велат дека е најдобар во својата генерација…“ не се изговара пред децата, ако сакате кикот.
За жал, премногу често се среќавам во праксата со слични тажни приказни, секако поплочени со добри намери, главно на успешните родители. Во овој случај, не станува збор за неостварени амбиции на родителите, туку за високо ниво на развој на детет во раното детство, кое е премногу нагласено од страна на околината.
Напомена: Чест на исклучоците кои под тој товар не се свиткале!
Текстот е преземен од ТУКА.
Фото: Pixabey