Пред дваесетина години тинејџерите на Исланд биле познати како млади кои консумираат најмногу алкохол во Европа и во петоците навечер, улиците на главниот град на оваа држава биле несигурни затоа што по нив се движеле групи од пијани и бесни тинејџери, кои лесно можеле да предизвикаат проблеми.
Но сега е ситуацијата сосема поинаква, тврдат исландскиот психолог Гудберг Џонсон и американскиот професор по психологија Харви Милкмен.
Тие велат дека државата го нашла решението на овој проблем во изградбата на објекти за забава и рекреација на младите. Во Рејкјавик, како и ширум Исланд, постојат лизгалишта на затворено, сали за пинг понг, бадминтон, базени со геотермална вода, терени за фудбал, стази за трчање, кадешто младите можат да се занимаваат со спорт, да го трошат вишокот на енергија и да се дружат. Покрај тоа, во школите се нудат низа дополнителни активности после наставата, како што се музика, танц и уметност, а и самите родители често го поминуваат времето со децата на излети и прошетки во природа.
Денеска, младите на Исланд се познати по тоа што не се склони на пороци. Во 1998.година процентот на млади кои биле пијани во месецот кој му претходел на истражувањето, бил 42 проценти, а во 2016.година бил 5 проценти. Процентот а млади кои некогаш користеле марихуана паднал од 17 на 7 проценти.
Моделот на Исланд дал одлични резултати и е применет во многу други земји со цел да се подобри психичката и физичката состојба на младите кои во денешно време се под огромен стрес.
Исландските психолози дошле до заклучок дека младите кои посегаат по дрога и алкохол не можат да се справат со стресот и потребна им е утеха кога се соочуваат со депресија или едноставно сакаат да го преземат ризикот и да го прават тоа што гледаат дека го прави некој друг. Харви Милмен ја развил идејата дека луѓето стануваат зависни од хемиските промени во мозокот кои им се случуваат кога консумираат супстанции, се тркаат со автомобили или нешто крадат, па така се навлекуваат на алкохол, дрога, секс, калории, кокаин, криминал и што уште не.
Така дошол на идеја: „Зошто друштвото не направи нешто за луѓето да станат зависни од хемиските прмени кои им се случуваат во мозокот, но на природен налин, без негативни последици од пороците?“
На почетокот од 90.години, Харви започнал проект во кој на децата им било понудено да го учат она што сакаат, без оглед дали е тиа свирење на инструменти, тренирање карате или играње на хип-хоп, и да им се обезбеди искуство кое ќе им направи промени во мозокот и ќе им ја намали анксиозноста.
Исланд бил заинтересиран да се потруди да ѝ помогне на својата младина со помош на овој Харвиев принцип, и успеал во тоа.
Фото: Hayes Potter on Unsplash