Еве што им се случува на бебињата во стомакот кога трудницата пуши

Ултразвучните снимки покажале како бебињата на пушачките во моментот додека мајките го вовлекувале тутунскиот чад ненадејно посилно се движат од бебињата на мајките непушачки. Притоа, бебињата на пушачките ги ставаат рацете на лицето и мрдаат со усните.

0
927

Проучувајќи 80 снимки со ултразвук на 20 бебиња помеѓу 24. и 36. Недела од бременоста, научниците од универзитетот Дурхам и Ланкастер утврдиле дека бебињата и тоа како ја чувствуваат консумацијата на цигарите. Меѓу испитаниците 16 мајки биле непушачи, а четири мајки запалиле во просек 14 цигари на ден.

Ултразвучните снимки покажале како бебињата на пушачките во моментот додека мајките го вовлекувале тутунскиот чад ненадејно посилно се движат од бебињата на мајките непушачки. Притоа, бебињата на пушачките ги ставаат рацете на лицето и мрдаат со усните.

„Нашите откритија се слични на доказите дека стресот и депресијата влијаат на развојот на фетусот, но дополнително докажуваме и дека изложеноста на никотин има псилно влијание и од стресот и од депресијатастои во резултатите од истражувањата кои научниците го објавиле во стручното списание Acta Paediatrica.

Дополнително, научниците заклучиле дека ова може да се смета само за пилот истражување и дека за поконкретни резултати морале да спроведат покомплексна студија за подобро да го разберат односот на пушењето, стресот и депресијата на развојот на плодот во бременоста.

Исто така, во своето истражување не ги вклучиле татковците пушачи и во согласност со тоа изложеноста на трудниците на чад во домот.

„Статистички гледано, во истражувањето учествувале мал број пушачки, па не успеавме да утврдиме дополнителни врски помеѓу пушењето и гестациската возраст на децата. Идните студии секако би требало да ги вклучат тие дополнителни контролни фактори во статистичкиот модел за да можеме целосно да ја разбереме врската помеѓу пушењето и движењето на фетусот во матката“,  заклучиле научниците.

[better-ads type='banner' banner='999' ]