Детето мора да се „вакцинира“ со фрустрации додека е уште мало

Како што расте, почнувате по малку да го фрустрирате, по малку да не му давате нешто...

0
429

Толеранцијата на фрустрација значи поднесување. Ако не умееме да поднесуваме не може да ни биде добро. Она што го поднесуваме е фрустрација, а фрустрацијата е неисполнета потреба. Како да се развие толеранција на фрустрација, или како да се „вакцинираме“ од фрустрации, како да се биде задоволен иако сите потреби не се задоволени?
Детето мора да се вакцинира уште додека е мало. Како што расте, почнувате по малку да го фрустрирате, по малку да не му давате нешто
И тогаш тоа малку ќе се спротивставува, но ќе ги собере оние играчки. Затоа што не е негова потреба да ги собере играчките.
Негова потреба е да ги расфрла играчките, а ваша е потребата да ги собере. Тоа малку се фрустрира и се спротивставува, но научува да поднесува.
Сакам благо-не може сине благо.
И така ние малку ги клукаме со некои фрустрации, таман колку што треба. Затоа што прави вакцината – таа е исто што и болест, само разблажена, па по малку го иритира тој имунитетен систем. А кога би ја пуштиле болеста во полн интензитет би добиле заболување, а не вакцинација.
Исто е и во психичкиот живот. Кога ние би ги трауматизирале децата со фрустрации, ние би добиле болест. Некои родители премногу ги фрустрираат децата, па ги трауматизираат, не ги задоволуваат нивните основни потреби, a некои премалку фрустрираат, па имаат разгалени и презаштитени деца.
Или имаме деца истрауматизирани од фрустрации кои потоа бегаат од сите ситуации кои би можеле да ги фрустрираат, или имаме разгалени кои беснеат на секоја ситуација која ги фрустрира. Знаете како изгледа кога ќе испратите разгалено дете во училиште. А тие таму не сакаат сѐ што тоа сака па настануваат проблеми. Ниту едните ниту другите немаат имунитет.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]