Фејсбук и Јутјуб нема да ги препорачуваат содржините насочени против вакцинирањето

Анти-вакцина содржините нема да бидат меѓу препорачаните видеа и написи кои ќе им се појавуваат на корисниците, најавуваат од Фејсбук и од видео платформата Јутјуб, откако лекарите предупредија дека родители одбиваат да ги вакцинираат децата поради неточните информации кои ги читаат на социјалните медиуми.

0
116

Фејсбук ќе престане да ги препорачува видеата и написите кои ги охрабруваат родителите да не ги вакцинираат своите деца, како одговор на притисокот од јавноста да ги отстранува лажните и опасни „информации“ за јавното здравје.

Технолошкиот гигант разгледува дополнителни мерки како најдобро да се справи со проблемот, соопшти портпарол на компанијата.

Социјалната мрежа стана место каде масовно се објавуваат написи во групи и на страници посветени на „анти-ваксерите“, луѓето кои шират лажни информации за нус-ефектите на вакцинирањето, и промовираат непроверени алтернативи како Витамин Ц, пишува британски Телеграф.

Групите и фан-страниците добиваат замав благодарение на алгоритмите за препорака на сервисите како Фејсбук и Јутјуб кои промовираат ваков материјал кај корисниците. Сега, од компанијата најавија дека нема да ги отстрануваат овие групи од социјалната мрежа, но анти-вакцина содржините нема да бидат меѓу препорачаните видеа и написи кои ќе им се појавуваат на корисниците.

Лекарите предупредија дека родители одбиваат да ги вакцинираат децата поради неточните информации кои ги читаат на социјалните медиуми.

Гугл неодамна објави дека ќе се обиде да ги отстранува видео записите базирани на ваквите теории на заговор од својата видео платформа Јутјуб.

Студија објавена во 2017 година предупреди дека „организираните анти-ваксери придонеле кон падот на процентот на вакцинирани лица и кон вознемирувањето на граѓаните околу вакцинирањето. Овие групи имаат силно присуство на социјалните мрежи и добро разработени веб-страници кои привлекуваат луѓе околу нивната кауза.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]