Вашето тврдоглаво дете ќе прерасне во успешен возрасен човек!

Едно истражувањето покажало дека тврдоглавото дете веројатно ќе постигне подобри резултати на работа и ќе заработува повеќе пари токму поради неговата трврдоглавост. Всушност, тврдоглавоста е поважна за овие цели дури и од коефициентот на интелигенција.

0
267

Ако сте родител на тврдоглаво дете, сигурно можете да кажете колку може тоа да биде исцрпувачко. Сè се претвора во расправија!
Но, има надеж. По сè изгледа дека вашето тврдоглаво дете има поголеми шанси да прерасне во успешен возрасен човек и да заработува подобро во својата кариера.

Да се има тврдоглаво дете е благослов

Се разбира, може да бара и многу работа. Сте се обиделе ли да се разубедите со дете кое не сака да јаде грашок? Тоа се најлошите 12 часа од вашиот живот. Секако дека има родители експерти, кои лесно може да ги натераат тврдоглавите деца да си ги облечат чевлите, или да престанат да се задеваат со братчето. За жал, не се сите родители-експерти.

Сепак, може да се каже дека тврдоглавоста го прави детето побезбедно на долг рок. Тврдоглавите деца нема да бидат ничии „следачи“ во животот и нема да прават работи во животот само зашто некој им кажал така.

Што вели науката за тврдоглавите деца?

Едно истражување од 2015.година се занимавало со тоа што ќе направат тврдоглавите деца како возрасни. Дали се уште ќе врескаат кога некој ќе побара од нив да изедат јајце или кога ќе им го пресечат сендвичот „на погрешен начин“? Дали кога ќе имаат 42 години на пример уште ќе претрчуваат пред автомобили зашто не сакаат да проверат дали автомобил доаѓа и од лево и од десно? Па, се надеваме дека не. Она што истражувањето го покажа е дека тврдоглаво дете поверојатно ќе постигне подобри резултати на работа и ќе заработува повеќе пари поради неговата трврдоглавост. Всушност, тврдоглавоста е поважна за овие цели и од коефициентот на интелигенција. Поважна е дури и од социо-економската положба на нивните родители.

Дали вашето дете е тврдоглаво?

Ако секој ден дома мора да се „борите“ со мало човече кое ве тера да чекате засекогаш додека тоа си ги врзува врвките од чевлите, тогаш може да препознаете тврдоглавост од авион и не ви е потребен квиз за решавање за да утврдите дали детето ви е тврдоглаво, така? Тие се однесуваат како мали шефови, но имаат голема свесност за себе. Знаат со сигурност што сакаат, а што не сакаат. Љубопитни се и се сомневаат во сè. Сакаат да знаат „зошто“, и без добар одговор нема да го сторат она што го барате од нив.
– Стави капче на главата.
– Зошто?
– Зашто е ладно надвор?
– Зошто?
Знаете како тече разговорот. Ќе продолжуваат со прашањата додека вашето трпение им дозволува.

Кажи ми да не правам нешто и не само што ќе го направам, туку и ќе се сликам додека го правам за да имаш фотографии

Родителите веројатно не треба да ја сосечат тврдоглавата нишка кај детето во целост туку да се обидат да ја надмудрат. Мора да ги научат децата кога е добро да се биде тврдоглав, а кога не е. Не сакате да се претворат во деца кои нема да имаат никој покрај себе. Наместо секогаш да ги принудувате да се однесуваат како што мислите дека треба, обидете се да ги поттикнете да го сменат однесувањето на позитивен начин. Со други зборови, наместо да им повторувате колку е ужасно што ве тераат да чекате додека се подготвуваат за училиште, пофалете ги дека излегле низ вратата навреме.
Бидете конзистентни. Она што е во ред во понеделник не може да биде грешка во вторник. Тоа го збунува секое дете, но особено она кое е тврдоглаво. Ќе почне да ве прашува уште повеќе прашања!

Кои се вашите совети од искуството со вашите тврдоглави деца?

Дали ви се допаѓа тоа што се по малку тврдоглави? Дали тоа ве вознемирува повеќе отколку некои други родители околу вас? Децата честопати се подобри во очите на другите одошто во очите на нивните сопствени мајки.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]