Козметички препарати кои треба да се избегнуваат за време на бременоста

Во вас расте нов, незаштитен живот. Што и да пиете и јадете, се одразува врз бебето. Исто е и со козметиката. Ќе мора да се откажете од многу креми и третмани.

0
888

Многу препарати кои ги нанесувате на кожата доаѓаат во крвта, па така и до вашето бебе. Она што за вас било безопасно и што сте го користеле без размислување, може да биде отров за нероденото бебе. Време е да ја ревидирате својата козметичка рутина.

Избегнувајте ги сите производи кои содржат алкохол, ритониди, бензол пероксид, гликолна, салицилна и AHA (овошни) киселини. Не се препорачува ниту интензивно шминкање, како и многу етерични масла. Затоа е најдобро да прејдете на проверена природна и органска козметика и посоветувајте се со лекар.

Некои податоци покажуваат дека жените кои работат во салоните за маникир почесто имаат проблеми со развој на плодот во текот на бременоста. Вистински истражувања не се спроведени, но една студија покажала дека кај овие жени е зголемен ризикот од спонтан абортус.

Производителите после тоа ја преформулирале содржината на лаковите за нокти, но тие и натаму имаат состојки кои предизвикале загриженост кај многу стручњаци, а се однесуваат на токсичното влијание врз нероденото бебе. Затоа, зошто да се ризикува? Негувајте ги своите нокти со природен маникир и педикир во својот дом.

Исто така би требало да се избегнува депилација со хемиски супстанции. Ниту една студија не ја докажала штетноста на тие производи, но многумина сомничаво гледаат и на боењето или на било какви други третмани на косата.

Супстанцијата DHA (Dihydroxyacetone) се користи при хемиско темнеење на кожата. Некои истражувања покажале дека вдишувањето на овие производи (особено при темнеење со прскање), може да доведе до оштетување на DNA.

Не се пожелни ниту тешки парфеми зашто многу од нив содржат фталати, токсични соединенија, кои можат да бидат пасни. Фталатите можат да „имитираат“ природни хормони во телото, кои се задолжени за раст и развој на фетусот. Затоа се смета за опасно, големото изложување на вакви токсини супстанции.

Доколку користите производи против акни, кои содржат акутан, тетрациклин и ретин А, мора да ги отфрлите барем за време на бременоста. Имено, истражувањата покажале дека користењето на акутан може да доведе до одредени пореметувања во развојот на бебето. На исто ниво на „небезбедност“ се и ретин А и тетрациклин.

Многу истражувања го поврзуваат долгиот престој во фризерски салони со проблеми во развојот на фетусот. (слично е и со поврзување на спрејот за коса и деформитетот на пенисот кај бебињата). За жал, многу од овие тврдења не се детално истражени, но за среќа, тоа не се производи без кои не можете. Зошто да се ризикува?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]