Бразилска архитектка проектира генијални детски соби за мали станови

Секој кој во некој период од животот живеел во премалечок стан, многу добро ги знае ограничувањата на ваквите простори. Но малите станови имаат и свој шарм, семејството го држат заедно и посилно го поврзуваат, но и ги учат сите домашни како да живеат со помалку и како одлично да се снаоѓаат во ограничен простор.

0
823

Додека некоја двојка е сосема задоволна во еднособен стан, еднаш кога ќе дојде и дете треба добро логистички да се осмисли просторот и да се распореди целиот мебел на најоптимален начин.

Иста е приказната и со мало семејство со едно дете во двособен стан кога ќе стаса уште едно дете, и тн, кога се зголемува семејството мора да се осмисли добро како да се позиционира сечиј кревет, простор за играње, брачен кревет, плакари, полици,…Кога е просторот мал, неминовно е некои париња мебел да станат мултифункционални, да функционираат како 3 во 1 или 2 во 1, и секој милиметар од просторот да биде паметно искористен.

Детските соби во кои мебелот се трансформира или во еден елемент се кријат повеќе елементи, не се новина, но начинот на кој до прави тоа една бразилска архитектка изгледа толку добро што би посакале вакви соби дури и ако имаме доволно простор.

Со помош на елементите кои се трабсформираат еден кревет може да станекревет за три деца со фиоки кои се извлекуваат, а се користи секој слободен центиметар од ѕидот за дополнително сместување на кревет или простр за играње на галерија ако снемало место на подот.

Во соработка со бразилскиот бренд Mimoo Toys настанале собите кои можете да ги видите во продолжение, весели, шарени и разиграни. Можеби ќе најдете инспирација за прилагодување на своите станови.

@hana.lerner.arquitetura
@hana.lerner.arquitetura
@mimootoys

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]