Дали и вие би го шетале вашето дете на поводец?

Ела Дворник објавила фотографија од својата ќеркичка која на гарбот носи ранче со поводец кој служи за детето да не се изгуби. Дали вие сте го шетале или би го шетале вака вашето дете?

0
206

Откако Ела Дворник, ќерка на славниот југословенски крал на фанкот, Дино Дворник објавила фотографија на која нејзината ќеркичка носи на грбот ранче со поводец, нејзините бројни следбеници на социјалните мрежи ја бомбардирале со прашања , а најчестото меѓу нив било: Зошто е девојчето на поводец.

Имено, на фотографиите нејзиниот сопруг Чарлс држи поводец кој е закачен за ранчето на девојчето.

Ела веднаш објаснила дека станува збор за ранче со поводец кој служи за детето да не се изгуби.

„Јас знам каде е, додека други одат на пултови за информации да си ги бараат децата преку разглас. Не знам за другите ама јас би сакала да го задржам своето дете зашто ми е драго“, одговорила духовито Ела. Додала и дека е ова ранче најдобрата работа за родителите и бебето, но дека луѓето имаат глупи асоцијации. „Се кладам дека сите луѓе на кои децата им биле украдени жалат затоа што тогаш го немало ова.

Од ранчето е воодушевена и баба Даниела која неколку недели претходно објавила слична Инстаграм-приказна и напишала: „Ја однесов на прошетка, ова ранче-поводец е закон.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]