Како да знаете дали вашето малечко има аутизам? (ВИДЕО)

Еве кои се десетте рани знаци на аутизам, претставени во видео од едно семејство со три аутистични деца. Проверете дали ќе препознаете некој од нив

0
1901

Ова видео има за цел да ви помогне да ги откриете одговорите и да ги видите клиничките примери пронајдени кај многу лица со ASD (аутистичен спектар на нарушувања).

Исто така, како забелешка, се спомнува ехолалијата (бесмислено повторување на изговорените зборови на друг човек како симптом на психијатриско нарушување), во примерот со говорот, но овој конкретен пример (иако Алистер го повторуваше она што го слушна), исто така беше пример за палилалија (постојано повторување), за повеќе информации за повторување на зборовите, видете овде.

Еве кои се десетте рани знаци на аутизам, претставени во видео од едно семејство со три аутистични деца.

1. Изразено мавтање со рацете – ова е вообичаена и нормална детска реакција на возбуденост, но ако мавтањето е премногу често во текот на денот, може да биде причина за загриженост.
2. Одење на прсти – иако е нормален дел од детското себеистражување, овој начин на одење може да укажува на проблем ако е присутен во подолг временски период.
3. Удирање со глава – овој начин на себесмирување е сериозен аларм.
4. Постојан немир и врескање на јавни места – тантрумите вообичаено се смирувааат кога детето ќе го добие тоа што го сака, а сензорната пречувствителност доведува до очајно плачење од пресилните дразби, таканаречено „топење“ (meltdown). Откако детето ќе биде оддалечено од дразбите, не значи дека брзо ќе се смири, слично како што нас главата с
ѐ уште ни „брмчи“ долго време откако сме излегле од диско-клуб.
5. Повторувачко однесување – кога една иста, релативно едноставна „игра“ се повторува со часови, секој ден, истата па истата. На пример, претурање течност, редење предмети во линија, вртење предмети…
6. Претерана агресија или самоагресија – честата насилност кон себеси, другите лица и предмети, при што доаѓа и до самоповредување, е знак за силна внатрешна вознемиреност.
7. Недостаток на одговор при вербално обраќање – слично како кога им се обраќаме на децата додека гледаат цртани филмови или се преокупирани на некој друг начин, кај аутизмот ваквата отсутност е нагласена и без видлива окупираност.
8. Недостаток на контакт со очи – недостатокот на овој базичен социјален контакт е сериозен показател за аутистично нарушување.
9. Недостаток на говор и комуникација – иако честопати говорот се развива со потешкотии, клучот е во недостатокот на комуникација.
10. Проблеми со текстури на храна и облека – одбива да јаде одредена храна или јаде исклучиво само храна со конкретни својства: само мека, само тврда, само црвена, итн.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]