За да го забавите стареењето, имајте повеќе деца!

Според истражувањето спроведено на Универзитетот Симон Фрејсер, со раѓање на повеќе деца можете да го забавите процесот на стареењето.

0
140

Авторите на студијата Пабло Непомнасчи и Синди Барха го набљудувале односот помеѓу родените деца и должината на теломерот кај жените. Во истражувањето во кое учествувале 75 жени, утврдено е дека оние со повеќе деца имаат подолги теломери.

Теломер е заштитниот врв на крајот од секој синџир на ДНК и е клучен во процесот на стареење. Како што луѓето стареат, теломерите се скратуваат, а со тоа стануваат главна причина за разградување на клетките.

Побавното темпо на скратување на теломерите кај испитаничките со повеќе деца може да се припише на драматичното зголемување на естроген, хормон кој се произведува во текот на бременоста. Естрогенот функционира како моќен антиоксиданс кои ги штити клетките од скратување на теломерите, рекол Непомнасчи за Science Daily.

Друго прифатливо објаснување зошто поголем број деца го забавуваат скратувањето на теломерите, е друштвеното опкружување. Непомнасчи објаснил дека жените со повеќе деца имаат поголем поддршка, како што се роднините и пријателите, што може да помогне во зголемување на метаболичката енергија која придонесува за одржување на ткивата и го забавува стареењето.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]