Доволен е еден потег и вашето бебе веднаш ќе престане да плаче (ВИДЕО)

Новопечените, но и оние поискусните родители знаат колку е фрустрирачки и стресно да се слуша плачењето на бебето. Што ако ви кажеме дека постои решение?

0
591

Бебињата комуницираат со надворешниот свет преку плачење. Некогаш имаат проблем па на тој налин не известуваат, а почесто плачат затоа што им е здодевно или без некоја посебна причина. Родителите се на мака, се обидуваат да им го одвлечат вниманието со тропалки, имитираат разноразни звуци или пак цело време го држат во раце неутешното бебе.

После исцрпувачкиот маратон очекуваат награда во вид на тишина, но радоста е кратка бидејќи наскоро продолжуваат со уште посилен интензитет да го пробиваат „звучниот ѕид“.

Така полека се создава и паника, па бебето често почнува да се шета од рака во рака затоа што сите сакаат да се обидат и да помогнат во неговото смирување.

Што ако ви кажеме дека постои човек кој ја решил „невозмoжната мисија“?

За да се смири бебето, а и родителите, д-р Роберт Хамилтон се сетил на техника која ќе го реши овој проблем за секунда.

Земете го вашето бебе и држете го навалено под агол од 45 степени, прекрстете му ги рачињата во пределот на градите и полека нишајте го во правец горе-долу или едноставно нишкјте ги лево-десно колковите на бебето.

Како се прави ова погледнете во видеото подолу.

“The Hold” will calm your crying baby down in seconds.~Join our Facebook group to share all about your lovely baby. Photos, stories, experiences, recipes and support: https://www.facebook.com/groups/1267876726658608

Your Lovely Baby 发布于 2017年7月4日周二

Foto: Facebook screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]