„Што е тоа бело нешто што минува низ ѕидот?“

Родителите ги откриваат најстрашните работи што им ги кажале нивните мали деца. Дали сте слушнале нешто слично од вашите деца?

0
481

Повеќето мали деца немаат апсолутно никаков филтер и родителите можат да слушнат најразлични коментари од нив, најужасни, најчудни и најпрекрасни коментари кои излегуваат од нивните усти.

И додека повеќето од овие изјави се забавни, некои други можат да бидат навистина застрашувачки.

Неодамна, во една група за родители на Фејсбук, стотици преплашени австралиски родители ги споделиле „најстрашните“ работи што нивните деца ги кажале во текот на годините – од спомнување духови до зборување сами со себе во 03:00 часот по полноќ.

„Една ноќ мојата 5-годишна ќерка седеше на подот во салон гледајќи телевизија, се сврте и ми рече: „Мамо, што е тоа бело нешто што минува низ ѕидот?“ Напишала една мајка.

„Го слушнав мојот син во 3 часот ноќе како зборува и се смее. Секоја вечер околу три години.

Други велат дека нивните деца им рекле дека играчките им намигнале и им кажувале да прават „лоши“ работи кога нивните родители не се во близина.

Една мајка се присетува на страшниот момент кога нејзиниот петгодишен син за време на посетата на член од семејството во болница, се сетил на своја посета на болницата поради „рак на крвта“.

„Тој има 5 години и никогаш немал рак! И никогаш претходно не ја посетил таа болница“! Напишала загрижената мајка.

Еден друг родител напишал: „Еден ден ги извадив работите на татко ми, кога мојата ќерка дојде над зеде својот паричник и рече: „ Ова беше мое кога бев машко“.

„Една вечер додека се туширав мојата ќерка покажа на мојот стомак и вчудоневидено рече: „Бебе!“ Негирав и го игнорирав тоа неколку недели, но таа беше во право. Во моментов сум во 35. недела од бременоста“.

„Мамо, јави се кај тато, турка жолт камион, те молам повикај го тато“. Го повикав и излезе дека жолт камион се распаднал на работа и имаше потреба да му се јавам.

„Нашата 18-месечна ќерка рече: „Јас сум стара душа“.

„Моето дете минатата недела дојде во кујната и ни рече мене и на мојот сопруг: „Паднав во дрвениот подрум, а потоа пак излегов надвор“.

„Мојата помала сестра, која во тоа време имаше околу три години, ми кажа дека пред овој живот била маж, дека била сметководител и имала жена, плус многу други информации, а еден тригодишник не би требало да размислува така“.

Многу од родителите велат дека не чуле ништо директно, но честопати слушнале како нивните деца разговараат сами со себе рано наутро.

„Го слушнав мојот син во 3 часот ноќе како зборува и се смее. Секоја вечер околу три години. Тој ни кажуваше дека доаѓало мало девојче и го буделе за да си играат“, напишала мајката.

„Тоа секогаш се случувало помеѓу 3 и 4 часот наутро. Друга работа што ја кажал кога бил постар била дека неговиот брат престанал да го посетува. Тој беше близнак, но го загубив неговиот брат. Тој не знаеше дека е близнак“.

Тоа не е единствениот пример кога децата кажале дека „ги запознале“ членовите на семејството кои починале.

„Мојата дадилка почина пред околу три години. Мајка ми неодамна  ми даде една од нејзините пењоари, а мојата тригодишна ќерка не се одделуваше од него“, напишала една жена.

„Еден ден таа ми рече дека е тоа дадилката Лорета и дека таа ја сака. КОга нојата дадилка почина мојата ќерка беше стара околу 6-8 месеци“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]