Научниците тврдат: Пумпите за издојување се опасни за здравјето на бебињата

Секоја мајка која го доела своето дете знае колку може во некои ситуации да ѝ помогнат апаратите за издојување.

0
745

Уште подобро ова го знаат производителите на детска опрема, па многу брендови ги нудат своите верзии, од оние најобичните, рачни, па сѐ до електричните.

Но научниците не го делат воодушевувањето од овој „бејби гаџет“.

Резултатите на истражувањето објавено во списанието Cell Host & Microbe покажуваат дека мајките кои користат пумпи за издојување на децата, можеби ги доведуваат децата во опасност од заболување од астма. Во споредба со млекото кое детето го цица директно од дојките, млекото кое е издоено со помош на пумпа за издојување содржи повисоко ниво на потенцијално штетни микроогранизми, тврдат научниците.

„Зголемената изложеност на потенцијални патогени во мајчиното млеко би можела да претставува ризик од инфекции на дишниот систем, што би можело да објасни зошто доенчињата хранети со издоено млеко се под зголемен ризик од развој на детска астма“, објаснила канадската научничка, докторката Ширин Мосави од Универзитетот во Манитоба за британски Телеграф.

Инаку, мајчиното млеко содржи сложен коктел од бактерии кој може да биде важен за воспоставување на успешна популација на пријателски бактерии во желудникот и во цревата на бебињата, додека пореметувањето на микробиомот кај доенчињата може да доведе до тоа детето да е чувствително на развој на различни алергии, астма или дури дебелина.

Истражувачите ги истражувале бактериските гени во примероци од мајчиното млеко врз основа на 393 здрави мајки, три до четири месеци после породувањето и заклучиле дека содржината на бактерии во млекото со кое се хранат бебињата многу се разликува од доенче до доенче.

Млекото од аларатите за издијување содржело повисоки нивоа на потенцијално штетни опортунистички патогени како што се Stenotrophomonas и Pseudomonadaceae. Од друга страна, директното доење без пумпа, било поврзано со микроорганизми кои обично се наоѓаат во устата, како и со поголемо бактериско богатство и разновидност, што е пожелно.

Фотографијата е преземена од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]